СофтНЕТ ЕУ ДООЕЛ лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Телекомуникациски инженер за продажба

За компанијата: СофтНЕТ е регионален давател на телекомуникациски услуги во приватна сопственост основан во 1996 година. Следејќи ја својата политика на ширење во Југоисточна Европа, СофтНЕТ ја изгради најнапредната IP... повеќе за компанијата »

Активни огласи од СофтНЕТ ЕУ ДООЕЛ:

Специјалист за инсталација и техничка поддршка

Регионалниот телекомуникациски провајдер СофтНЕТ ЕУ Дооел Скопје има потреба од телекомуникациски инженер за продажба.

РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ

  • Целосно менаџирање на процесите во делот на директна продажба и пред-продажба, создавање на стратешки и долгорочен партнерски однос со клучни клиенти, како и планирање и исполнување на поставените компаниски цели преку реалзиирање на потребите на клиентите;
  • B2B продажни активности со постоечките и нови корисници;
  • Пронаоѓање и ефективно интегрирање на нови клиенти-корисници на продуктите од компаниското портфолио;
  • Одржување на високо ниво на професионален партнерски однос и градење и негување на релациите на долг рок со клиeнтите;
  • Менаџирање на целокупниот процес на подготовка, достава и следење на понудите кон корисниците, како и менаџирање со целокупниот преговарачки процес и условите за успешна соработка;
  • Подготовка на извештаи;
  • Подготовка на презентации и презентација на развиените производи;
  • Следење на конкуренција.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено високо образование (ВСС - Електро ќе се смета за предност);
  • Oдлично познавање на Excel, Word, Outlook;
  • Лиценца Б и А за Изведба ќе се сметаат за предност.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Одлични аналитички, комуникациски, презентациски и организаторски способности;
  • Динамичност, ефективност и ефикасност;
  • Самоиницијативност и креативност;
  • Развиена способност за одржување на високо ниво на квалитет во работењето.

Вашето CV испратете го на [најави се за да го видиш е-маилот]  

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »