Пивара Скопје АД лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Техничар за енергетика

За компанијата:

Пивара Скопје АД е една од најстарите и најпрепознатливи компании во Македонија, со традиција што трае повеќе од 100 години. Основана во 1924 година, денес Пивара Скопје е водечки производител на пиво,... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Пивара Скопје АД:

Помошник за дистрибуција - Возач - Дистрибутер

ТЕХНИЧАР ЗА ЕНЕРГЕТИКА (м/ж)

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци. Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.

Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата. Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!

ШТО НУДИМЕ

  • Целосно дигитализиран процес на работа со современи алатки и технологии
  • Fit Kit – бесплатна месечна членарина со пристап до 300+ спортски активности
  • Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
  • 24/7 осигурување од незгода
  • Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации

ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ

  • Одговорност за целокупната работа во смената и ефикасно снабдување со потребните енергенси за реализирање на планираните процеси во делот производство на пиво. 
  • Следење и контрола на процесот на микробиолошка и хемиска подготовка на вода, производство и дистрибуција на пареа, компримиран воздух, дистрибуција и рекуперација на CO₂, контролирање на системите за ладење како и следење на процесот на обработка на отпадни води.   
  • Грижа за чистотата на опремата и работа во крајно хигиенски и безбедни услови на работа, почитувајќи ги сите безбедносни стандарди.
  • Контрола и евиденција на перформансите согласно процедурите и параметрите во котлара, пречистителната станица, во машинска куќа, работата на компресорите за воздух, како и системите за хемиско и микробиолошко третирање на водата за производствените процеси.
  • Следење и контрола на процесот на превентивно и корективно одржување.
  • Проактивно делување во делот на извршување на тековни задачи притоа користејќи ги дигиталните алатки како средствa за евиденција.
  • Подготовка на дневни, неделни и месечни извештаи за потрошувачка и заштеда на енергија, вклучувајќи и анализи на потрошувачката на енергија и вода и ефикасност на дневните перформанси.

ШТО БАРАМЕ

  • ССП во областа на Енергетика, Машинство или сродна техничка насока
  • Минимум 3 години работно искуство во одржување
  • Ориентираност и подготвеност за тимска работа и работа во смени

ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ

  • Познавање на процес на одржување и работа со парни котли и парни инсталации.
  • Познавање на процеси за хемиска и микробиолошка припрема на вода за делот на производствени процеси, како и системи за третирање на отпадни води.
  • Познавање на процеси и опрема за рекуперација и дистрибуција на CO₂ системи.
  • Познавање на системи за ладење во делот на производство, како и системи за климатизација и вентилација во делот на административните згради и производствените погони.
  • Способност за следење, контрола и анализа на оперативни параметри на енергетски системи и помошни постројки.
  • Основно познавање на превентивно и корективно одржување на енергетска и машинска опрема.
  • Подготвеност за соработка со членовите на тимот, со поединци и тимови од други оддели/сектори.
  • Подготвеност за континуирано учење и развивање на нови знаења и вештини, усвојување на нови технологии и методологии со цел постојано подобрување на личните вештини и резултати.

Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 24.09.2026.

Неделното работно време за позицијата е во ротација од 3 смени, 40 работни часа. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 година.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »