Компанијата GLOBAL IMPACT влегува во секторот градежништво во 2015 година со финална цел да поттикне нов стил на живеење во урбаната средина по европски стандарди. Наша примарна дејност е изградба на станбени, деловни и индустриски објекти, кои претставуваат синоним за квалитетна, сигурна и професионална градба.
Континуираното подобрување на квалитетот на градбите, следење на светските трендови во доменот на градежништвото и домувањето, примена на современи технологии и модели на градење се само дел од работите за кои секојдневно се залагаме.
Поради зголемениот интензитет на активности и потребите на секојдневното оперативно-административно работење, GLOBAL IMPACT го проширува својот тим за Продажба и отвара нова работна позиција Агент за недвижности со доленаведените спецификации.
Базични информации
- Времетраење на договорот: 3 месеци (со можност за продолжување)
- Официјален старт на работната позиција: 13ти Август (понеделник), 2018 година
- Работно време: 8 часа/дневно (5 дена во неделата; сменско работењe)
Потребни квалификации, поврзани со активностите на позицијата:
- Познавање на работа со компјутери и MS Office пакетот (Word, Excel, Outlook, Power Point и др.)
- Извршување на административни активности (data entry)
- Идентификување на нови бизнис можности и потенцијални клиенти за продажба на станови
- Склучување на договори со заинтересирани клиенти, преговарање и советување
- Нуди ефикасни решенија за клиентите и се грижи за нивните потреби
- Анализа, сортирање и процесирање на информации од доменот на недвижности
Искуство во продажба во доменот на недвижности ќе се смета за предност
Личен профил на кандидатот:
- Одлични комуникациски и презентациски способности
- Иницијативност, темелност и позитивен став
- Способност за тимска и индивидуална работа
- Адаптибилност и флексибилност
- Експедитивност, трудољубивост, точност, работа со рокови
Потребна документација за аплицирање:
Ваша професионална биографија (CV на македонски јазик)
Финален временски рок за поднесување на апликацијата