Зегин ДОО Скопје лого

Одговорно лице за фармаковигиланца

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ЗА ФАРМАКОВИГИЛАНЦА

Потребни квалификации:

  • Високо образование од областа на медицината или фармацијата
  • Со искуство во областа на фармаковигиланца
  • Завршена обука или специјализација за фармаковигиланца ќе се смета за предност
  • Организираност, одговорност и ефикасност
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на Windows и MS Office пакетот

Што нудиме:

  • Стимулативна плата и бенефиции
  • За најдобрите вработени – наградно патување
  • Исплата на сите додатоци на плата
  • Најмалку 20 дена годишен одмор и регрес за годишен одмор
  • Работно време: Понеделник – Петок (флексибилно работно време)
  • Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
  • Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и континуирани обуки
  • Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)

Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »