
За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна...
повеќе за компанијата »Специјалист за маркетинг
ЗЕГИН ФАРМ е првата приватна компанија во Република Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.
Позицијата вклучува:
- Планирање и извршување на маркетинг кампањи (веб, ПР, социјални медии, реклами, настани, саеми, директни патувања, и сл.)
- Организирање и присуство на годишни саеми, настани и конференции
- Одговорност за маркетинг содржини: веб, социјални медии, постери, каталози, брошури и сл.
- Комуникација со сите глобални претставници и партнери
- Истражување на пазар и следење на конкуренција
- Изработка на редовни и периодични извештаи за маркетинг резултати
- Проверка, одобрување и надгледување на медиа планови и реализација на кампањите
- Пишување и дизајнирање на документација што се испраќа до медиумите
- Советување за сите елементи на маркетингот како произведствениот микс, цените, рекламирањето, продажбата, промоцијата и дистрибутивните канали
- Имплементирање на методите на модерна продажба, обезбедување на процесот во кој ентериерот на аптеките и продавниците за здрава храна ќе соодејтсвува со стандардите на Друштвото за брендирање
- Организирање на посебни настани, наградни игри и други социјални настани за презентирање на добрата волја и општествената одговорност на организацијата
- Одредување комуникациска стратегија за кампањите со странските добавувачи, следење на процесот на плаќања од страна на странсите добавувачи/доспеаноста на факутирите.
- Сугестии за подобрувања, и други маркетинг активности по потреба
Профил на кандидат:
- Познавање од областа на маркетингот
- Добри комуникациски вештини
- Систематичност, организираност, иницијативност
- Одлично познавање на работа со MS Office Suite и Internet
- Одлично познавање на англискиот јазик (усно и писмено)
- Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Специјалист за маркетинг на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.
Останати огласи »