
Доколку велосипедите се твоја пасија, уживаш во работа со алат и механика и знаеш колку е важен секој детал за совршено подесен велосипед — тогаш можеби токму ти си делот што му недостасува на нашиот тим.
Бараме мотивирана и одговорна личност со интерес и искуство во бајк сервисирање, која сака да работи со премиум велосипедска и outdoor опрема, во професионална и динамична средина.
Кај нас ќе имаш можност секојдневно да работиш со различни типови велосипеди, современи компоненти и опрема, како и постојано да ги надградуваш своите технички вештини.
Главни работни обврски:
- Сервисирање, одржување и поправка на велосипеди
- Склопување и подготовка на нови велосипеди за продажба
- Дијагностика и решавање технички проблеми кај велосипеди и опрема
- Проверка на техничка исправност и безбедност пред испорака
- Грижа за чиста, организирана и функционална сервис зона
- Комуникација со клиенти и давање основни совети поврзани со сервис и одржување
- Сезонска подготовка и сервисирање на ski опрема и скии
Потребни квалификации и вештини:
- Претходно искуство со сервисирање велосипеди и бајк механика
- Добро познавање на велосипедски компоненти и алати
- Способност за самостојна и организирана работа
- Прецизност, одговорност и внимание на детали
- Тимски дух и позитивен пристап кон работа
- Подготвеност за учење нови технологии и техники во бајк индустријата
- Љубов кон велосипедизмот и outdoor спортовите ќе се смета за голема предност
Што нудиме:
- Работа со премиум велосипедски и outdoor брендови
- Професионална, спортска и позитивна работна атмосфера
- Можност за континуирано техничко усовршување и напредок
- Работа во тим со passion-driven луѓе
- Долгорочна и стабилна работна позиција
- Динамична работа исполнета со различни проекти и предизвици
Ако сакаш работата да ти биде поврзана со твојата пасија и сакаш секојдневно да бидеш дел од bike културата — те очекуваме во нашиот тим.
📩 Испрати CV на: [најави се за да го видиш е-маилот]
📍 Локација: Ул. Кирил и Методиј бр.20, Скопје
Слични огласи »