Бам Пласт

Административен асистент/Референт за односи со клиенти

Објавенпред 2 месеци
Активен до01.09.2026
ПозицијаАдминистративен работник
ЛокацијаСкопје
За компанијата

БАМ ПЛАСТ е компанија специјализирана за производство и трговија на висококвалитетни ПВЦ и алуминиумски производи, наменети за современи станбени, деловни и индустриски објекти. Компанијата се фокусира... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Преземи го оригиналниот оглас

Оглас

Бам Пласт Вработува:

Позиција: Административен асистент / Референт за односи со клиенти

За нас

Ние сме компанија специјализирана за изработка и монтажа на ролетни, комарници и решенија за уредување на домови и деловни простори.

Поради зголемен обем на работа, бараме организирана, одговорна и комуникативна личност која ќе биде дел од нашиот тим, ќе го координира секојдневното административно работење и ќе во контакт со нашите клиенти.

Вашите одговорности:

  • Секојдневна комуникација со клиенти преку телефон, е-пошта, Viber/WhatsApp и социјални мрежи.
  • Следење на пораки и коментари на Facebook и Instagram и навремено одговарање на барањата и прашањата од клиентите.
  • Прием, евидентирање и обработка на нарачки.
  • Подготовка и испраќање понуди согласно утврдениот ценовник.
  • Прецизно водење на административната евиденција и координација со тимот.
  • Следење на текот на нарачките и навремено информирање на клиентите за статусот.

Што бараме:

  • Самостојно користење на е-пошта, Viber/WhatsApp, социјални мрежи и компјутерски алатки.
  • Подготвеност брзо да совладате нови програми и системи за работа.
  • Добра организација и способност за самостојно планирање и поставување приоритети во текот на работниот ден.
  • Љубезен, професионален и јасен начин на комуникација со клиенти.
  • Солидно познавање на MS Office .
  • Претходно искуство во администрација, подготовка на понуди или директна работа со клиенти ќе се смета за предност.

Што нудиме:

  • Дефинирано работно време, без смени
  • Редовна и навремена месечна плата.
  • Самостојна позиција со директна комуникација и соработка со менаџмент.
  • Јасно дефинирани одговорности и овластувања.
  • Целосна поддршка и воведување во работните процеси.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе