Киел Македонија ДООЕЛ Желино лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Техничар за одржување

За компанијата:

КИЕЛ Македонија е дел од водечката Franz Kiel Group, еден од водечките европски производители на системи за патнички седишта за автобуси и железнички возила во локалниот, регионалниот и меѓуградскиот превоз.

Локација: ТИРЗ Тетово

повеќе за компанијата »

 

Киeл Групацијата е еден од водечките европски производители на патнички системи за седишта за автобуси и железнички возила на локално, регионално и меѓуградско ниво. Во рамките на своите компании лоцирани во Германија, Полска, Турција, Холандија, Шпанија, Франција, САД и Русија и со околу 1.200 вработени, Киeл е силен и сигурен партнер за задоволување на потребите на своите клиенти.
Со цел проширување на својот тим, Киел Македонија има потреба од  работници на позицијата:

ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Одговорности и должности:
  • Одржување, сервисирање и санација на електричната инсталација и електричната опрема во фабриката.
  • Редовно и превентивно одржување на пневматската инсталација.
  • Одржување и поправки на водоводната инсталација.
  • Изведување на механички работи и интервенции според потребите на производниот процес.
  • Континуирано одржување, проверка и сервисирање на сите машини во фабриката.
  • Одржување и обезбедување техничка исправност на службените возила.
  • Поддршка во одржување и поправки на објектот/зградата и неговата инфраструктура.
  • Одржување, сервисирање и инсталација на работи од помал обем во фабриката вклучувајќи ги и машините.
  • Опслужување на котелска постојка.
  • Ставање во и вон функција на компресорот.
  • Надзор при полнење на надворешниот подземен резервоар со нафта од страна на надворешниот добавувач.
  • Управува со вилушкар и палетари.
Квалификации:
  • IV степен на стручна подготовка (електро или машинкси техничар)
  • Одговорна, иницијативна личност со изразена желба на припадност во тим.
  • Дозвола за возење на вилушкар или Б – возачка дозвола
  • Одговорна, иницијативна личност со изразена желба на припадност во тим.
  • Личност подготвена да ги научи позициите на работа и нивни чекори
Бенефити:
  • Приватно здравствено осигурување
  • Организиран транспорт
  • Лична заштитна опрема
  • Топол оброк
  • Изненадувања за роденден и други подароци
  • Подарок за новороденче
 
 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »