
За компанијата:
Еast Gate Mall e најголем трговски центар во земјата и регионот кој ќе понуди богата и уникатна содржина на шопинг, гастрономија, забава, релаксација и култура. Еast Gate Mall e замислен како нов урбан... повеќе за компанијата »
EAST GATE MALL, дел од групацијата Балфин, е најголемиот шопинг центар во земјата, кој со уникатниот концепт и дизајн ги исполнува сите светски стандарди за квалитетен шопинг. Распространет на 160.000 м2, нуди шопинг и забава за сите возрасти и за сите вкусови.
Ист Гејт Мол е дел од првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.
Со цел зајакнување на ИТ секторот, објавуваме оглас за вработување на
ИТ СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР
Одговорности и работни задачи:
- Учествува во проценка на трошоците и напорите за имплементација на реалистични планови и програми во областа на ИТ и Техничките услуги
- Ги поддржува персоналните компјутери и мрежната инфраструктура
- Обезбедува непречени операции на различните компоненти во сферата на ИТ
- Детектира и разрешува случаи на дефекти или попречувања (подршка од втор ред)
- Ги презема и мониторира активностите за поправки и корекции
- Ја креира и обезбедува неопходната техничка документација и процедури за доделената опрема и системи, постојано настојувајќи да изнајде начини за автоматизирање на секојдневните активности и подобрување на ефикасноста
- Ја набљудува и анализира постоечката инфраструктура на ИТ и посочува можности за нивно подобрување преку модификација и нови инсталации
- Врши одржување на комуникационата мрежа
- Се грижи за усогласеност на конфигурацијата на комуникациската мрежа со корпоративните стандарди
- Одговорен е за усвојување на најдобрите оперативни практики во областа на ИТ преку имплементација на Information Technology Infrastructure Library (ITIL) полиси, концепти и процеси за менаџирање на услуги
- Учествува во решавање на hardware и software инциденти, промени, конфигурации итн. со цел подобрување на ефективноста и ефикасноста на Одделот за ИТ
- Обезбедува техничка поддршка и учествува во проекти поврзани со модификација и инсталација на програми и опрема
- Обезбедува експертска помош на сите вработени/корисници на ИТ услугите, како и совети и практична обука со цел нивно оспособување за навремено решавање на проблеми и извршување на работните задачи
- Ги информира корисниците за статусот на нивните барања упатени до Helpdesk-от на Одделот за ИТ
- Учествува во креирањето, тестирањето и имплементацијата на Плановите за Континуитет и Опоравување од катастрофи
- Ги следи мрежите на обезбедување на инфраструктурните компоненти и системот, со цел остварување на правата на пристап на корисниците и нивна промена само врз основа на валидно барање и соодветна документација на истите
- Одговорен е за следење на квантитетот и видот на опремата, како и за ажурирање и безбедност на податоците во врска со средствата за работа на Одделот за ИТ
- Ги координира набавките на делови за инфраструктурата во Одделот за ИТ (hardware, software, делови за мрежи на податоци, резервни делови за компјутерите итн.) со цел обезбедување на најдобри и најбрзо достапни услуги од областа на ИТ
- Врз основа на документирано барање, врши тестирање и евалуација на нов software, hardware и телекомуникациска опрема и методи на изработка и архивирање извештаи, како и советува/дава препораки за можна потенцијална употреба на истите
- Треба да биде во можност да предводи помали проекти
Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:
- ВСС од областа на техничките науки
- минимум 5 годишно искуство на иста или слична работа позиција,
- Темелно знаење на мрежни архитектури и client/server технологии, IT security
- Познавање и искуство со администрирање и инсталација на Windows и оперативни системи
- Познавање од мрежно поврзување и рутирање: LAN, DHCP, DNS, Firewall, VPN
- Познавање и искуство со одржување конфигурација на сервери и storage
- Познавањето на технологиите за виртуелизација (VMware, Hiper-v)
- одлично познавање на Microsoft Office пакет и англиски јазик,
- изразени аналитички способности, способност за решавање на проблеми и одлучување за работи од свој делокруг
- способност за потикнување промени и развој
- Адаптибилност и флексибилност
Што нудиме:
- Работа во динамична средина, со амбициозен и професионален тим
- Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
- Можност за континуиран развој
Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.
Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 10.08.2025.
Слични огласи »