b watch 1920 лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Маркетинг Практикант

За компанијата:

Нашата мисија е задоволување на барањата и потребите на купувачите во Македонија, бидејќи сме најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници и накит. Во нашето портфолио можете... повеќе за компанијата »

Бараме креативна, љубопитна и одговорна личност која сака да го направи својот прв чекор во светот на маркетингот и да стекне реално практично искуство работејќи на вистински проекти.  

Доколку сакаш да ја започнеш својата кариера во маркетинг, ова е одлична можност да учиш, истражуваш и се развиваш во динамична работна средина.

Кои ќе бидат твоите работни задачи:

  • Истражување на теми поврзани со компанијата, брендовите и маркетинг индустријата
  • Пребарување и собирање информации како дел од секојдневните маркетинг активности
  • Самостојно истражување на одредени теми и од дома, како дел од практичната работа и учењето
  • Креирање идеи и помош при подготовка на маркетинг содржини
  • Учество во реални маркетинг проекти и кампањи

Кого бараме:

  • Лице кое посетува или има завршено академија, факултет или друга едукативна програма поврзана со маркетинг
  • Интерес и желба за развој во областа на маркетингот
  • Креативност, љубопитност и истражувачки дух
  • Одговорност и добра организација на времето
  • Желба за учење и стекнување нови знаења

Што нудиме:

  • Платена пракса
  • Работно време од 1,5 час дневно, од понеделник до петок
  • Реално работно искуство со вистински маркетинг проекти
  • Можност нови вештини во маркетингот
  • Континуирано учење и развој во професионална средина
  • Искуство кое ќе ти помогне да изградиш основа за идната кариера во маркетингот

Кај нас нема да бидеш само набљудувач, ќе бидеш дел од реални процеси, ќе истражуваш, ќе креираш и ќе учиш како функционира маркетингот во пракса.  

Доколку се препознаваш во описот и сакаш да стекнеш вредно искуство, испрати ни го твоето CV!

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »