Специјал Продукт Дооел лого

Административен работник во кујна

За компанијата:

Компанијата „Специјал“ е реномиран лидер во областа на пекарство, слаткарство и индустрискиот кетеринг и услужната подготовка на храна, со посветеност кон квалитет, сигурност и иновативност.... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Специјал Продукт Дооел:

Готвач/ка - Послужувач на храна во Куманово - Магационер

Опис на работното место:

  • Проверка на кантините и организација на вработените за денот што следува.
  • Води евиденција за работниот простор (подреденост во магацин и комори, функционалност на апарати, кало од претходен ден)
  • Проверка на залихи во фрижидери со замрзнати производи и консултација со главен готвач за задоволување на залихи
  • Проверка на касиерки за дневен пазар и евентуално решавање на проблеми поврзани со погрешно куцање на производ или порамнување на постерминал
  • Превземање на дневен промет и документи од претходен ден.
  • Подготовка на мини попис на почеток на недела за проверка на совпаѓање на лагер со реална роба на залиха.
  • Пополнување на табела на отсутни работници на дневно ниво и причини за иститите
  • Внесување во систем на отсуства, боледувања тековно во систем.
  • Води евиденција за работа во ноќна смена, дополнителни часови и работа во празник и праќа табели во диреција.
  • Прави распоред на работа во смени на вработените.
  • Спремање на дневен промет со специикации и уплатници за предавање во банка.
  • Системски внесува фактури и испратници и ги праќа во дирекција
  • Проверува влез и излез на роба, проверува испратници на пристигната роба и споредува со системско задолжување.
  • Се консултира со главен готвач и одговорен за нарачки за составување на мени за наредна недела.
  • Прави нарачки на суровини согласно составеното мени.
  • Изготвува месечен попис на крај на месец, системски внесува пописни листи и праќа на маил во дирекција.
  • Го пресметува бројот на оброци издадени во тој месец и праќа извештај во дирекција.
  • Пресметува задолжени оброци и праќа извештај до конкретната фабрика и оди на согласување на оброци.
  • Води евиденција за навремени санитарни прегледи на сите вработени.
  • Ги почитува барањата наложени од претпоставениот.
  • Го известува претпоставениот со цел да изврши контрола на сработеното на дневно ниво и дава извештај

Потребни квалификации:

  • Завршено средно или високо образование
  • Пожелно претходно работно искуство на иста или слична позиција

Личен профил:

  • Навремено исполнување на работните задачи со испорачување на квалитетни резултати
  • Амбициозна Организирана, одлучна и одговорна личност
  • Лојалност, иницијативност, темелност и  енергичност
  • Самоиницијативност и капацитет за напредок и развој
  • Способност за работа во динамична средина

Што нудиме ние: 

  • Пријатна работна средина со многу предизвици
  • Конкурентна плата
  • Попуст во приватна здравствена установа
  • Оброк
  • Обуки за развој
  • Континуиран фидбек од работата

Доколку сте заинтересирани да бидете дел од нашиот тим испратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот]

Само апликантите кои што одговараат на профилот ќе бидат контактирани. 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »