За компанијата:
Еast Gate Mall e најголем трговски центар во земјата и регионот кој ќе понуди богата и уникатна содржина на шопинг, гастрономија, забава, релаксација и култура. Еast Gate Mall e замислен како нов урбан... повеќе за компанијата »
EAST GATE MALL, дел од групацијата Балфин, е најголемиот шопинг центар во земјата, кој со уникатниот концепт и дизајн ги исполнува сите светски стандарди за квалитетен шопинг. Распространет на 160.000 м2, нуди шопинг и забава за сите возрасти и за сите вкусови.
EAST GATE MALL е дел од првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.
Со цел зајакнување на секторот за оперативно работење, објавуваме оглас за вработување на:
ТЕХНИЧАР ЗА РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ И МАЛИ ПОПРАВКИ
Опис на работни задачи на работното место:
- Врши поправка на мебел во рамките на објектот
- Врши монтажа на столарија и поправка на алуминиумска браварија (врати и прозорци)
- Врши поправка на автоматските лизгачки врати (доколку не се потребни резервни делови)
- Врши поправка на плочки и цоклиња во и околу објектот
- Врши поправка и монтажа на плафонски ревизиони отвори
- Врши поправка на противпожарните врати во објектот
- Врши редовна месечна проверка на противпожарните врати во објектот
- Врши поправка и монтажа на разна галантерија во рамки на објектот
- Врши монтажа на противпожарни апарати и ознаки за истите
- Врши поправка и монтажа на заштитни облоги на ѕидовите во објектот
- Врши монтажа и демонтажа на декорации во и околината на објектот
- Активно учестува во организација на настани во објектот
- Работи тимски со останатите вработени во службата за отстранување дефекти од друга природа
- Ги информира одговорните лица за тековните проблеми
- Ги почитува правилата за безбедност и здравје при работа
- Ги почитува правилата за заштита од пожар
- Ги почитува правилата за слекеција и одлагање отпад
- Прима работни задачи од лицата вработени во сервис деск одделот
- Пополнува работни налози и истите ги предава на лицата вработени во сервис деск одделот
Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:
- Средна стручна подготовка
- Претходно работно искуство на иста или слична работа позиција
- Професионален пристап кон работата
- Способност за следење технички цртежи и планови
- Способност за ракување со рачен алат
- Одлични практични вештини и брзо решавање на проблеми
- Адаптибилност и флексибилност
- Возачка дозвола, категорија Б
Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.
Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 27.02.2026