Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје лого

Административен асистент

Компанијата Екоценар 97 активно се занимава со управување на отпад повеќе од 25 години и денес е една од водечките компании во регионот. Нашата дејност вклучува управување со отпад од метали, електронски отпад и опасен отпад. Во моментов, имаме отворена позиција за административен асистент. Искуството е приоритет во однос на останатите квалификации.

Опис на работно место

  • Подготовка на интерни извештаи и прегледи;
  • Пополнување на формулари;
  • Водење интерна евиденција;
  • Активно учество во барање на нови клиенти;
  • Континуирана комуникација со клиенти и партнери.

Професионални квалификации

  • Одлично познавање на англискиот јазик (зборување, пишување);
  • Одлично познавање на Microsoft Word и Microsoft Excel;
  • Предност доколку има искуство со подготовка на документација за јавни набавки и други тендери;
  • Предност доколку има искуство со царински постапки (увоз, извоз и сл.)
  • Претходно работно искуство на слична позиција е предност;
  • Одлични комуникациски и организациски способности;
  • Проактивност, експедитивност и темелно завршување на работните задачи;
  • Способност за тимска работа во динамична средина.

Работниот однос за позицијата првично се заснова со Договор за работа на определено време од 3 (три) месеци со можност за продолжување на договорот на неопределено. Постои можност за напредување и бонус во зависност од перформансот.

Работните задачи ќе се извршуваат со полно работно време од 8 (осум) часа на ден. Предвидената основна нето-плата за позицијата може да варира и ќе зависи од работното искуство на кандидатот.

Доколку ги имате потребните квалификации, пратете ни CV со кратката биографија, диплома за завршено образование и копијата од дополнителни сертификати (доколку има) на следната електронска пошта [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Административен асистент”.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »