Мотиви лого

ДИРЕКТОР НА СЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ И СМЕТКОВОДСТВО

За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток... повеќе за компанијата »

Мотиви Вработување за свој клиент објавува оглас за:

 

ДИРЕКТОР НА СЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ И СМЕТКОВОДСТВО

 

КЛУЧНИ РАБОТНИ ОБВРСКИ:

  • Оперативно планирање и водење на активностите во секторите каде е одговорен
  • Решавања на нарушувања во секторот каде е одговорен
  • Оптимизација на распоредувањето на добиените финансиски и кадровски ресурси
  • Делегирање, координирање и контрола на работните обврски на вработените
  • Следење и вреднувањето на изведбата на вработените
  • Мотивација на вработените
  • Планирање на потребите од кадри
  • Одговорен за спроведување на законските и подзаконските прописи во финансиското работење
  • Одговорен за навремена достава на објективни финансиски извештаи согласно МСФИ,

МСС и останата законска регулатива до надлежни државни институции

  • Одговорен за навремено и точно пресметување и извршување на обврските по

месечни, аконтативни периодични пресметки и конечни даночни пресметки согласно

даночната регулатива и нивна достава до надлежна институција

  • Изготвува финансиски извештаи и анализи за работата на правните лица од аспект на

финансиското работење и инвестиции

  • Одговорен за доставување на месечни извештаи за состојба на побарувања и обврски

по коминтенти и по старосна структура (правни и физички лица) до правните лица

  • Организира навремено изготвување на периодични и годишни финансиски извештаи и

ги доставува до надлежните институции (Централен регистар) согласно локална

регулатива)

  • Ги следи и применува меѓународните сметководствени стандарди и промените во

законските и подзаконските акти во делот на финансиското работење и интерните

политики и процедури

  • Соработува со надворешните ревизори, даночната контрола и други финансиски

Институции

  • Спроведува редовен попис во правниот субјект согласно законот
  • Одговорен е за законитоста во финансиското работење во субјектот
  • Одговорен е за навремено извршување на обврски кон клиентите, државните институции и навремено подмирување на јавни давачки

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Високо образование – Економски факултет
  • Лиценца за овластен сметководител
  • Најмалку 5 години работно искуство на извршна функција во финансии
  • Активна работ со MS Office
  • Напредно познавање на Англиски јазик

 

СПОСОБНОСТИ И ПОТРЕБНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ВЕШТИНИ:

  • Менаџерски вештини
  • Почитување на крајни рокови
  • Интегритет на личност
  • Високо ниво на енергија
  • Конструктивно решавање на конфликти
  • Навремено носење на одлуки
  • Ориентираност кон големата слика

 

Работно време: Од понеделник до петок од 08:00‐16:00 часот

Локација: Центар, Скопје

 

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги проследат на: kariera@motivi.mk со назнака ДИРЕКТОР НА СЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ И СМЕТКОВОДСТВО или со порака на Viber: +389 78 479 313

 

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »