Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.
Нашата мисија е задоволување на барањата и потребите на купувачите во Македонија, бидејќи сме најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници и накит. Во нашето портфолио можете... повеќе за компанијата »
Активни огласи од b watch 1920:
Практикант за Графички Дизајн - Маркетинг Практикант - Aсистент за продажба Скопје Capitol Mall, Vero Jumbo, East Gate, City Mall, K Mall
b watch 1920 како ценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Р.Македонија, има потреба од проширување на својот тим.
Потребни ни се кандидати на возраст од 25 до 35 години кои се докажани експерти во својата област и ги поседуваат неопходните вештини за успешно продолжување на својата кариера во нашиот искусен тим.
Краток опис на работните задачи и одговорности:
Работа со финансиски документи во согласност со законската регулатива.
Работа со плаќања, изработка на фактури и профактури.
Одржување на сметководствена евиденција и изготвување на финансиски извештаи, вклучително и месечни и годишни сметки.
Прием на роба, подготовка на ДДВ и платни списоци.
Усогласување на финансиските разлики со собирање и анализа на сметководствени информации.
Активно водење според моделот plan, do, review.
Потребни квалификации:
Сметководствена лиценца(задолжително)
Завршено високо образование – Економски Факултет – Финансии и Сметководство.
Задолжително работно искуство како лиценциран сметководител од минимум 2 години.
Одлично познавање на финансиското законодавство на Р. Македонија и меѓународните стандарди за финансиско известување.
Одлична вербална и писмена комуникација на англиски јазик
Одлично познавање на Office пакет (задолжително Excel и Word) и Интернет
Совесност, одговорност и самомотивираност
Одлични аналитички вештини
Потребна документација:
CV не постаро од 6 месеци.
Пријавено соодветно образование во агенцијата за вработување.
Останати сертификати од неформално образование би се сметале за предност.
Ние нудиме/ Вие добивате:
Мотивирачка и пријателска средина каде што вредностите и резултатите се важни.
Можност за работа со искусен тим за продажба и уникатна шанса да се научи од експерти во оваа област.
Средина која овозможува на своите вработени да растат паралелно со растот на b watch 1920.
Селекција на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на тим експерти во просториите на b watch 1920. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
Ве покануваме доколку имате интерес и соодвествувате со опишаниот профил за позицијата и ги исполнувате горенаведените точки, испратете Ваша апликација со професионална биографија најдоцна до 20.01.2021 на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака – За работна позиција “Овластен сметководител”.
Слични огласи »
Обуки
пред 45 минути
пред еден час
пред 2 часа
пред 3 часа
пред 4 часа
пред 5 часа
пред еден ден
пред 2 дена
пред 3 дена
пред 4 дена