Бараме личност која бара долгорочно вработување со вклученост во администрација и оперативно работење при секојдневното функционирање на канцеларијата.
Квалификации:
- Завршен правен фактултет;
- Личноста мора да биде услужлива кон клиентите: љубезност, професионалност, трпеливост при комуникација со клиенти;
- Педантност, внимание на детали и способност за водење сметка за рокови, календари и архиви.
- Одлично познавање на MS Office пакетот (Word, Excel) и брзо совладување на системи за дигитално архивирање и организација на документи.
- Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик (говорен и пишан).
Работни задачи:
- Управување со предмети: Прием, протоколирање, дигитализација и прецизно организирање на предметите, архивата и документацијата. Следење на рокови, закажани рочишта и состаноци, како и навремено потсетување и подготовка на потребните материјали за нив.
- Прва линија на контакт со клиенти/судови: Прифаќање телефонски повици, првичен состанок со клиенти и сведоци заради собирвање на потребни информации и документи за водење на предмети. Комуникација со клиентите и судските служби со висок степен на љубезност и професионалност.
- Подготовка на документи: Техничка обработка, проверка, форматирање и комплетирање на нацрт-документи, поднесоци и дописи според насоки од адвокатите и соработниците.
- Теренска административна поддршка (по потреба): Достава и преземање документи од институции, судови, нотари, извршители и пошта.
- Логистика за канцелариското работење: Набавка на основни канцелариски материјали и грижа за просторот за да биде секогаш уреден и подготвен за прием на клиенти.
Потребно образование, знаење и вештини:
- Шравен факултет.
- Возачка дозвола B
- ЈазикАнглиски (B1)
Работната позиција овозможува:
- Стабилност и сигурност:
- Работно место со визија за долгорочна соработка, редовни и конкурентни примања и целосно почитување на работничките права.
Клучна улога во тимот:
- Почит кон вашата улога како важен столб на канцеларијата, во пријатна атмосфера.
Целосна обука и менторство: Обука и совладување на сите процеси чекор по чекор, за да се чувствувате сигурно во секојдневната работа.
Јасно дефинирани одговорности: Систем во кој точно знаете што се очекува од вас, без хаос и неочекувани притисоци.
Слични огласи »