КОШАРКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Ангажирање лица за организација на Европското првенство за кошаркари до 18 години

Објавенна 6.2024
Активен до28.06.2024
ПозицијаОпшт работник
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаkfsm.mk

Опис на огласот

Кошаркарската федерација на Македонија од 26. јули до 4. август е организатор на Европско првенство за кошаркари до 18 години Дивизија „Б“.

По тој повод КФСМ објавува конкурс за ангажирање на лица кои ќе бидат дел од локалниот организациски комитет (ЛОК) и кои ќе придонесат за успешна организација на Европското првенство за кошаркари до 18 години во Скопје.

Ќе бидат избрани вкупно 21 лице за позицијата водичи (team attache) за гостинските репрезентации.

Натпреварите ќе се играат во спортските сали: Арена  „Борис Трајковски“ и СРЦ „Кале“ во Скопје. Екипите и официјалните лица ќе бидат сместени во хотелите: „Континентал“, „Бест Вестерн“, „Карпош“ и „Русија“.

Сите кандидати потребно е да се на возраст од 18. до 30. години и да имаат познавање од англиски јазик, а ангажманот ќе биде во период 24.07-04.08.2024 година.

Сите заинтересирани потребно е најдоцна до 25.06.2024 година, да испратат биографија (CV) со фотографија на емаил:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе