Плата од 45.000 ден. до 50.000 ден.
БЕНИНГ П.С.А.М ДОО е основана во 2002 година како приватна компанија,.
Основната дејност на компанијата е во областа на системите за напојување со електрична енергија, како и реконструкција и изградба на среднонапонски трафостаници
Нашата основна цел беше да понудиме комплетни решенија за потребите од електрична енергија на пазарот, поради што ја проширивме нашата дејност и со испорака на батериски системи и дизел генератори.
Во рамки на нашето работење развивме и нова дејност – монтажа на примарна опрема и заштитно-управувачки уреди во среднонапонски трафостаници. Дел од нашите активности се и склопување на ормари со нисконапонска опрема, како и ормари за AC и DC дистрибуција.
Со текот на времето компанијата се специјализираше во областа на изградба и реконструкција на трафостаници со различни напонски нивоа.
Од 2012 година, нашиот главен фокус е проектирање и модернизација на системите за управување и заштита во среднонапонски и високонапонски трафостаници.
Нашите проекти опфаќаат:
- Комплетно проектирање на електроенергетски системи;
- Производство и склопување на различни видови разводни ормари;
- Ормари за релејна заштита;
- Ормари за локална сигнализација;
- Ормари за автоматска регулација на напон;
- Ормари за енергетски менаџмент;
- Монтажа, тестирање и пуштање во работа на опрема во трафостаници.
Дел од овие проекти вклучуваа и целосна замена и инсталација на примарна опрема на напонско ниво од 110 kV.
Наши главни инвеститори се ЕВН Македонија,АД Скопје , ЕЛЕМ, АД МЕПСО – компании кои го покриваат производството, преносот и дистрибуцијата на електрична енергија во Македонија.
Позиција: Електротехничар / Електромонтер
Локација: Скопје
Тип на вработување: Постојано
Главни работни задачи
- Монтажа, инсталација и поврзување на електрични системи (НН, СН или ВН – по потреба).
- Монтажа на разводни ормари, примарна СН/ВН опрема, каблирање, секундарно поврзување според ел. монт. шеми.
- Теренска работа на индустриски објекти, трафостаници.
- Испитување на континуитет, правилна функционалност на инсталациите.
- Работа во тим со инженери и други монтери.
Потребни квалификации
- Средно електротехничко образование (електротехничар-енергетичар, електроинсталатер, електромонтер).
- Предност: разбирање на ел.монтажни шеми, монтажа на ормари, монтажа на СН/ВН опрема.
- Пожелно искуство во електро монтажа (но не е задолжително – обезбедуваме обука).
- Способност за теренска работа и работа на висина (ако е потребно).
- Одговорност, дисциплина и желба за учење.
Нудиме
- Стабилна плата и редовни примања.
- Можност за обука и напредување.
- Работа на интересни индустриски и енергетски проекти.
- Пријатна работна атмосфера и професионален тим.
- Опрема, алат и заштитна опрема обезбедени од компанијата.
- Бонус систем за успешно реализиран проект.
контакт
тел.075/424-714 075/458-890
е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]