Магационер

Објавенпред 13 часа
Активен до28.11.2026
ПозицијаМагационер
ЛокацијаСкопје
Телефон02/2461-664
Веб-страницаnovomak.mk
За компанијата

Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Новомак е специјализирана компанија со долгогодишно искуство во продажба на репроматеријали, оков и решенија за изработка на мебел, како и услуги за обработка на плочести материјали. Преку соработка со реномирани европски брендови, современа технологија и постојано усовршување на вработените, градиме организација посветена на квалитет, професионалност и долгорочна соработка со клиентите.

Во насока на понатамошен развој и зајакнување на нашиот производствено-технички тим, бараме мотивирана, одговорна и посветена личност за работната позиција:

МАГАЦИОНЕР ВО МАГАЦИН ОКОВ

Работни задачи и одговорности:

  • Подготовка и издавање на стока според налози
  • Водење основна евиденција за залихи
  • Одржување ред и организација во магацинскиот простор
  • Соработка со продажба и транспорт

Потребни квалификации:

  • Минимум средно образование
  • Работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
  • Управување на виљушкар
  • Одговорност, точност и дисциплина
  • Способност за тимска работа
  • Физичка подготвеност

Нудиме:

  • Работа во стабилна и растечка компанија со современа организација
  • Можност за професионален и личен развој
  • Мотивирачки услови за работа, стабилна плата и тимска средина

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај.

Рок за аплицирање: 28.11.2026

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Други активни огласи од Новомак ДООЕЛ

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе