Промовирани огласи »

Хибридно и далечинско работење - новата норма?

Зошто хибридниот модел е најголемиот адут за задржување таленти!

Работниот модел каков што го знаевме повеќе не постои. Компаниите ширум светот па и во Македонија брзо ги адаптираат своите политики, а хибридното и далечинското работење стануваат стандард, наместо исклучок.

Според најновите HR трендови, дури 70% од организациите планираат да задржат барем делумно хибриден модел и по 2025 година. Причините се јасни: зголемена продуктивност, подобра рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот и поголема флексибилност за компаниите да регрутираат таленти надвор од нивната локација.

Но „новата норма“ носи и нови предизвици. HR тимовите се соочуваат со потреба од појасно дефинирани политики, алатки за мерење учинок на далечина и одржување на култура и припадност кај тимови кои физички ретко се гледаат. Посебно значајно станува инвестирањето во дигитални алатки, обуки за менаџерите и програми за ментално здравје.

Експертите предупредуваат дека флексибилноста нема да биде привилегија, туку неопходност. Вработените веќе ја очекуваат, а компаниите што нема да ја понудат ризикуваат да изгубат таленти.

Едно е сигурно: иднината на работата е хибридна. Прашањето повеќе не е дали ќе се адаптираме, туку како брзо ќе го направиме тоа.

Прочитајте и за: Вештачка интелигенција во HR: пријател или предизвик?

Тагови: HR HR трендови

Промовирани огласи »

Вработување во Lear Corporation, Hi-Tech Corporation и Гранит АД!

Огласи за работа во Lear Corporation, Hi-Tech Corporation и Гранит АД!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Lear Corporation Macedonia компанија која се бави со производство на автомобилски навлаки и седишта во ТИРЗ - Тетово.

Моментално вработува:

CONTROL TOWER TRANSPORT ANALYST – LOGISTIC CENTER IN SKOPJE OFFICE
ОПЕРАТОР НА МАШИНА ЗА ШИЕЊЕ

ХАЛКБАНК е еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар.

Моментално вработува:

ПОМЛАД РЕФЕРЕНТ ЗА БАНКАРСКИ ОПЕРАЦИИ – СКОПЈЕ

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Моментално вработува:

МАСТЕР ДАТА СПЕЦИЈАЛИСТ ВО ОДДЕЛ НАБАВКИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ
КОНСУЛТАНТ ЗА СВЕЖИ И ЗАМРЗНАТИ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ГРИЖА ЗА ПОТРОШУВАЧИ

Hi-Tech Corp. е водечки Европски производител на електронски печатени плочки специјализирани за брзо производство на прототипи и мали и средни волуменски серии на цврсти, флексибилни и крути-флексибилни повеќеслојни плочки.

Моментално вработува:

АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК
COMPUTER AIDED MANUFACTORING ENGINEER
ХИГЕНИЧАР/КА
ОПЕРАТОР ВО ЕЛЕКТРО ОДРЖУВАЊЕ
ВОЗАЧ – ШТИП
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија.

Моментално вработува:

ДИПЛОМИРАН ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР СО 5 ГОД ИСКУСТВО
ДИПЛОМИРАН ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР БЕЗ ИСКУСТВО

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик.

Моментално вработува:

ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ
ИНСПЕКТОР ЗА КВАЛИТЕТ

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР

Клиничката болница Жан Митрев на самиот почеток именувана како Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“ ги постави темелите на современите медицински услуги во 1999 година, по адаптирањето и реновирањето на еден изнајмен дел од Воена болница во Скопје.

Моментално вработува:

ПОСЛУЖУВАЧ НА ЛИНИЈА
ДОКТОР НА МЕДИЦИНА - СТРУМИЦА
ДОКТОР НА МЕДИЦИНА - БИТОЛА
ВОЗАЧ

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Пет едноставни чекори за подобар и поквалитетен работен процес

Активности што го трансформираат работниот процес

Во динамичната деловна средина, квалитетниот работен процес не е само предност – туку неопходност. Но подобрувањето на продуктивноста не мора да биде комплицирано. Напротив, често наједноставните активности носат најголем ефект. Еве пет чекори кои веднаш можат да го подигнат квалитетот на вашата работа.

1. Приоритизирајте ги задачите секое утро

Почнете го денот со јасна листа на приоритети. Изберете 3 главни задачи што мора да се завршат и фокусирајте се на нив пред сè друго. Ова ја намалува преголемата расфрланост и ви дава чувство на јасна насока.

2. Правете кратки, но редовни паузи

Континуирано работење без одмор води до пад на концентрацијата и грешки. Користете методи како Pomodoro — 25 минути работа, 5 минути пауза. Кратките одмори го ресетираат мозокот и ја зголемуваат продуктивноста.

3. Користете дигитални алатки за организирање

Trello, Notion, Asana или Google Calendar можат значително да го олеснат планирањето и следењето на задачите. Дигиталната структура ви помага да останете организирани и да избегнете преоптоварување.

4. Поставете јасна комуникација со тимот

Добрата комуникација е основа на секој ефикасен работен процес. Дефинирајте канали за комуникација (Meјл, Slack, WhatsApp) и јасно одредете кога и како се доставуваат задачи, фидбек или одлуки. Ова го намалува хаосот и создава подобра координација.

5. Ревидирајте го работниот ден

На крајот од секој ден одвојте 5 минути да прегледате што е завршено, што останало и што можете да подобрите утре. Малата анализа носи големи резултати и ви помага да работите паметно, не повеќе.

Подобрувањето на работниот процес не мора да биде сложено. Со овие пет едноставни чекори, секој работен ден може да стане поорганизиран, поефикасен и попродуктивен. Малите промени создаваат големи резултати – почнете денес.

Прочитајте и за: 10 реченици што веднаш ве прават непрофесионални

Тагови: HR совети за работа

Промовирани огласи »

Експериментирај, набљудувај, учи, рефлектирај - А1 Македонија воведе нов интерактивен начин на учење преку програмата Experimentation Journey

А1 Македонија воведе нов интерактивен начин на учење преку програмата Experimentation Journey

Што претставува Experimentation Journey?

Успехот на А1 Македонија е предводен од нашите вработени, а секој од нас доаѓа со уникатни однесувања, искуства и таленти. Веруваме во нашите колеги, тие се срцето на нашата компанија.

За да ја постигнеме нашата стратегија и за да бидеме успешни во иднина, овозможуваме креативна работна средина и развиваме интерни програми што поттикнуваат љубопитност, преземање одговорност, учење и иновација, тимска работа и свесност во секој аспект од нашето дејствување.

Една од тие програми е Experimentation Journey, еден сосема поинаков, интерактивен и структуриран пристап за совладување професионални предизвици преку менување одредени однесувања во рамките на работната околина. Оваа програма е достапна за сите вработени на А1, со времетраење од 5 (пет) недели, каде што колегите имаат можност да експериментираат, да набљудуваат, да учат и да рефлектираат, а ние како тренери сме со нив од самиот почеток, сè до завршната фаза на програмата – вели Деспина Ралевска, постар специјалист за развој и поддршка на организациска култура, А1 Македонија.

Како изгледа концептот на учење, динамика и содржина на оваа иницијатива?

Програмата е преубав спој меѓу професионален тренинг и искуства од реалниот живот, па оттука и нашите колеги ја оценија како доста интересна, забавна и лесна за примена во и надвор од рамките на работното време. За време на тренингот и додека течат 5-те недели на експериментирање, обезбедуваме простор и средина во која нашите колеги може комплетно да му се посветат на предизвикот, да бидат автентични и искрени во своите потреби за промена. Целта кон која сите се стремиме преку оваа програма е да станеме подобра верзија од себе, за себе и за својата работна околина, каде што преку мали чекори постигнуваме одредени промени преку рефлексија на емоции и однесувања. Експериментираме, тестираме и учиме и се ослободуваме од она што повеќе не ни служи - вели Маја Анчевска, експерт за аквизиција на вработени, A1 Македонија.

Каков е интересот на вработените за еден поинаков начин на учење и развој?

Почетоците на која било програма секогаш наидуваат на одредени приспособувања од страна на  експертите по човечки ресурси за да понудиме еден поинаков начин на учење, а воедно да охрабриме и да стекнеме доверба кај колегите дека воведуваме нови перспективи за развој. Со задоволство можеме да кажеме дека повеќе од 120 колеги годинава беа дел од програмата што нас, тренерите и целиот оддел за човечки ресурси, нè прави горди и благодарни за можноста да бидеме дел од нивната приказна, а истовремено и ние да растеме заедно со нив. Љубопитноста на останатите колеги веќе станува сè поголема за програмата, па оттука плановите за 2026 година се амбициозни, во насока да вклучиме уште поголем број колеги што се заинтересирани за нови искуства – вели Вероника Николовска, специјалист за развој и ангажираност на вработените, А1 Македонија.

Какви се вашите искуства како тренери?

Соодветна и квалитетна обука, долгогодишно искуство во областа на човечки ресурси, посветеност и почит спрема колегите, емпатија и комплетен фокус се пресудни на каков начин ќе се пренесе содржината и која порака би се пратила кон колегите. И ние, самите тренери, поминавме низ фаза на учење на материјалот, идентификување и совладување сопствен професионален предизвик, каде што исто така секојдневно експериментираме, тестираме, се менуваме и сè уште рефлектираме 😊.

Што значи успешно завршен H@C Experimentation Journey, кои се вредностите?

Ние велиме Success Story 😊. Успешноста е индивидуална и релативна, сепак чекорот кон самостојно преземање одговорност за растење и развивање, приспособување кон промени и трансформација, видливи промени во однос на одредени однесувања кај себе и кон работната околина, би можело да се каже дека се дефиниција за успешност. Најголемата вредност што ја нуди оваа програма е тоа што е апликативна за сите аспекти од животот, па оттука нашите колеги ги охрабруваме да продолжат и понатаму да инвестираат во себе и да ги применат придобивките од стекнатото искуство што го нуди нашиот Experimentation Journey.

Тагови: А1 Македонија ДООЕЛ Скопје

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »