Промовирани огласи »

НИКОБ вработува!

Аплицирај! 🔵

Друштвото за обезбедување на лица и имот НИКОБ ДОО експорт-импорт Скопје е основана во 1995 година во Скопје и е првата компанија за обезбедување во Македонија која е судски регистрирана. Лојалноста, стабилноста и професионалноста е одлика на компанијата од почетокот на нејзиното работење. Тоа е единствениот предуслов НИКОБ 25 години да е број еден агенција за обезбедување на имот и на лица во Македонија. Нашата политика во работењето се заснова на квалитет на услугите кои ги нудиме, користење на напредна технологија и достапност за сите. Ние секогаш сме посветени на работењето и на секојдневно подобрување на квалитетот во сите сегменти на понудените услуги, со што тежнееме и работиме лидерското место да го задржиме засекогаш.

Во момнетов има отворени работни позиции за:

ДОКТОРИ ПО ОПШТА МЕДИЦИНА

МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

ДОКТОРИ ПО ОПШТА МЕДИЦИНА

РАБОТНИЦИ ЗА ФИЗИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

СПЕЦИЈАЛИСТ ПО МЕДИЦИНСКА БИОХЕМИЈА

ВОЗАЧИ НА АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА

АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТНИЦИ

ЛАБОРАНТ

Аплицирај на KARIERA.mk

Тагови: Никоб обезбедување

Промовирани огласи »

Поскапа храна, пијалоци, цигари - растат трошоците за живот

Трошоците за живот лани со најголем скок во последните седум години

Растат трошоците за живот во Македонија. Тоа може да се види од статистичките податоци. 

Намалување на индексите имало само кај „комуникациите“ за 0,5 отсто. За „ресторани и хотели“ има скок за 5,9 отсто, „алкохолни пијалаци, тутун и наркотици“ за 3,8 отсто, „храна и безалкохолни пијалаци“ за 3,1 отсто, „здравје“ за 2,9 отсто, „домување, вода, електрика, гас и други горива„ и „рекреација и култура“ за 2,7 отсто, „разновидни стоки и услуги“ за 1,4 отсто, „мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата“ за 1 отсто и „облека и обувки“ за 0,2 отсто.

Државниот завод за статистика денеска објави дека трошоците за живот во декември лани биле поголеми за 0,4 отсто во однос на ноември, а цените на мало за 0,9 проценти,. За цела 2021 година, во однос на претходната, цените на мало се зголемиле за 4,3 отсто. Најголем пораст има во транспортот, кајшто има поскапување од скоро 10, односно 9,9 отсто.

За околу 150 денари се зголемени минималните трошоци на едно семејство во декември во однос на ноември, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија. 

За споредба, просечната нето плата во октомври била 29.145 денари. 

Тагови: цигари

Промовирани огласи »

„Поддршка за онлајн настава“: Нема услови за настава со физичко присуство

Движењето за поддршка на онлајн наставата смета дека во новото полугодие нема услови за физичка настава.

Група родители организирани во движењето ПОДДРШКА ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА, произлезено од ФБ група со над 15 000 членови, за денес најавија прес конференција пред Владата на која ќе побараат второто полугодие да започна со онлјан настава.

Во моментов имаме нагорна линија на позитивни лица на корона вирусот, па сметаме дека нема услови за настава со физичко присуство во тесни училници, не почитување на протоколи, нетестирање на ученици и персонал, отворени прозорци во зимски услови, поради што за кратко време ќе се доведат во смрттна опасност голем број на семејства.
Бараме, најитно Министерството за здравство, заедно со Министерството за образование и наука во контекст на Владата на РСМ да донесат одлука со која второто полугодие ќе започне со онлајн настава за сите ученици. Според здравстевните стручњаци пикот на епидемијата ќе се случи на почетокот на февруари, а здравјето е приоритет на секоја држава. Посебно здравјето на децата, хроничо болните и повозрасните кои се најчести жртви на оваа болест, велат од движењето.

Промовирани огласи »

И Панасоник воведува четиридневна работна недела

Јапонската компанија за електроника Panasonic соопшти дека воведува четиридневна работна недела за сите заинтересираните вработени

 Електронскиот конгломерат Панасоник е најновата голема јапонска компанија која воведува четиридневна работна недела за заинтересираните вработени, јавија јапонски медиуми.

Мораме да ја поддржиме благосостојбата на нашите вработени, нагласи извршниот директор на Панасоник, Јуки Кусуми на брифинг со инвеститори.

Во обид да се подобри рамнотежата меѓу работата и животот во земјата, јапонската Влада минатиот јуни препорача компаниите да им дозволат на вработените да се одлучат за четиридневна работна недела.

Веќе неколку големи јапонски компании воведоа четиридневна работна недела.

Многу компании за иновации се обидуваат да привлечат добри работници преку предлози за повеќе викенди. Ова го решава прашањето за ограничен персонал.

Пратениците во Јапонија дискутираат за опцијата за дополнителен слободен ден.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »