Промовирани огласи »

Колку всушност заработуваат Германците?

Оние кои најмногу заработуваат во Германија најмногу и работат

Оние кои најмногу заработуваат во Германија најмногу и работат, е заклучок на истражувањето кое го спроведе Германскиот завод за вработување.

Повеќе од 40 отсто од сите вработени во Германија неделно работат најмалку пет прекувремени часа, додека пет отсто работат 10 прекувремени часа неделно.

Оние кои заработуваат помалку од 30 000 евра годишно по недела работат во просек два часа прекувремено. Оние кои заработуваат до 60 000 евра работат во просек четири часа прекувремено. Оние со годишни приходи од 120 000 евра и повеќе, неделно работат во просек 10 часа прекувремено, пресметаа германски статистичари.

Со бројот на прекувремени часови поврзани се и годините-млади под 20 години возраст работат во просек два часа прекувремено, а постари од 60 години просечно 3,6 часа.

Најмногу прекувремно работат советници во компании, а следат работници во трговски сектор. Голем број од нив не добиваат никаква компензација за прекувремена работа  (околу две третини).

Најмалку прекувремени часа има во машинскиот сектор.

Ова истражување е спроведено на примерок од 220 544 вработени во последните 12 месеци.

Промовирани огласи »

Како да прашате која ќе биде вашата плата?

Многу од работодавците во Македонија не ја објавуваат платата во огласите

Погледнете го краткото видео од Forbes, за тоа како треба да се постапи на интервју кога не знаете колку би биле платени за позицијата за која се пријавивте.

Искористете некои од советите на вашето наредно интервју за работа  и добијте ја вашата работна позиција од соништата со супер плата.

Промовирани огласи »

Поскапуваат сметководствените услуги

Фирмите со дополнителни трошоци од јули 2017та

Новиот тарифник за сметководители со кои се утврдува најниската цена  за извршена услуга  ќе ги погоди малите бизниси, оние со неколку  вработени и со помал промет.

Ако тие до сега за сметководствена услуга месечно плаќале по 500 денари сега најниската цена ќе биде 2.000 денари. Експертите сметаат дека ваков тарифник треба да има, но да им се остави простор на помалите фирми да го развијат бизнисот.

Цените за сметководствените услуги треба да бидат различнни за канцелариите во Скопје и во помалите градови. За разлика од тука, таму кириите се помали, а фирмите за кои вршат услуги се мали и со помали заработки.

Од инситутот за сметкодводители велат дека новиот тарифник ќе помогне сметководителите да ги покријат направените трошоци, а услугата ќе биде поквалитетна.  

Според новиот тарифник најниската цена за сметководствена услуга е 32 евра. Толку ќе ги чини компаните кои годишно имаат промет до 400 илјади денари. Додека највисоката е 1000 евра, цена која ќе ја плаќаат фирмите со годишен промет над 200 милиони денари.

Новиот ценовник ќе се стави во употреба од први јули 2017та.

Промовирани огласи »

Еве зошто НЕ ТРЕБА да им „блендирате“ на другите возила, кога ќе видите полициска контрола!

Погледнете зошто нетреба да им „блендирате“ на другите возила, кога ќе видите полициска контрола!

Погледнете зошто нетреба да им „блендирате“ на другите возила, кога ќе видите полициска контрола!

Еве зошто НЕ ТРЕБА да им „блендирате“ на другите возила, кога ќе видите полициска контрола!

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »