Промовирани огласи »

Како да прашате која ќе биде вашата плата?

Многу од работодавците во Македонија не ја објавуваат платата во огласите

Погледнете го краткото видео од Forbes, за тоа како треба да се постапи на интервју кога не знаете колку би биле платени за позицијата за која се пријавивте.

Искористете некои од советите на вашето наредно интервју за работа  и добијте ја вашата работна позиција од соништата со супер плата.

Промовирани огласи »

Поскапуваат сметководствените услуги

Фирмите со дополнителни трошоци од јули 2017та

Новиот тарифник за сметководители со кои се утврдува најниската цена  за извршена услуга  ќе ги погоди малите бизниси, оние со неколку  вработени и со помал промет.

Ако тие до сега за сметководствена услуга месечно плаќале по 500 денари сега најниската цена ќе биде 2.000 денари. Експертите сметаат дека ваков тарифник треба да има, но да им се остави простор на помалите фирми да го развијат бизнисот.

Цените за сметководствените услуги треба да бидат различнни за канцелариите во Скопје и во помалите градови. За разлика од тука, таму кириите се помали, а фирмите за кои вршат услуги се мали и со помали заработки.

Од инситутот за сметкодводители велат дека новиот тарифник ќе помогне сметководителите да ги покријат направените трошоци, а услугата ќе биде поквалитетна.  

Според новиот тарифник најниската цена за сметководствена услуга е 32 евра. Толку ќе ги чини компаните кои годишно имаат промет до 400 илјади денари. Додека највисоката е 1000 евра, цена која ќе ја плаќаат фирмите со годишен промет над 200 милиони денари.

Новиот ценовник ќе се стави во употреба од први јули 2017та.

Промовирани огласи »

Еве зошто НЕ ТРЕБА да им „блендирате“ на другите возила, кога ќе видите полициска контрола!

Погледнете зошто нетреба да им „блендирате“ на другите возила, кога ќе видите полициска контрола!

Погледнете зошто нетреба да им „блендирате“ на другите возила, кога ќе видите полициска контрола!

Еве зошто НЕ ТРЕБА да им „блендирате“ на другите возила, кога ќе видите полициска контрола!

Промовирани огласи »

Прилепчанецот Оливер на 19 мај во Спорт Лајф во Прилеп го освои 44 МИЛИНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија. Добивката е вредна 1.491.631 денари. Ова е четвртиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ во месец мај, а вкупно 44 досега од стартувањето на овој тип на добивки на видео лотариските терминали на Државна Видеолотарија. 

На 19 мај Државна Видеолотарија го доби  44 МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добитник. Оливер М. во Спорт Лаф во Прилеп, освои добивка вредна 1.491.631 денари.

Во присуство на членовите на семејството, најновиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добитник, дојде во просториите на Државна Видео лотарија да го подигне својот чек, кој гласи на добитниот износ.Оливер ни откри дека често игра на видеолотариските терминали на ДВЛМ. Добивката не ја очекувал, иако ја посакувал. Досега нема освоено добивки. Во моментот кога сфатил дека тој е новиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добитник, многу се израдувал. Веднаш излетал, упатувајќи се кон својот дом за да ја сподели радосната вест. На вредната добивка  од 1.491.631денари, се израдувало целото семејство.

Оливернема детален план како ќе ги потроши парите. Но, ќе го направи. Посебно затоа што следи период на годишни одмори, па сака да си овозможи вистински добар одмор.

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни мината година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 44 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 65.074.847денари. Покрај нив, освоени се и 5940Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 44.590.381 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »