Промовирани огласи »

Заев: Секој средношколец или студент што веднаш ќе тргне на работа ќе добие стимулации од државата

Според премиерот, тоа ќе биде младешка сила што ќе ја раздвижи економијата напред

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, најави дека секој средношколец кога ќе матурира, или студент кога ќе дипломира, да добие државни стимулации доколку веднаш тргне на работа.

Младите тргнуваат на работа на 30 години, односно пред да стапат во брак. Секој што веднаш ќе тргне на работа на 18 години по средното училиште, или на 22-23 години по факултетот, ќе добие платени придонеси од државата и други стимуланси само да ги натераме да тргнат на работа, рече Заев.

Премиерот додаде дека ќе биде помагано и практиканството, а целта е невработеноста кај младите да се намали на ниво од 17 отсто. Придонесите ќе бидат платени од државата во првите години од вработувањето, а за останатото само рече дека ќе бидат „награди“.

Заев додаде дека енергијата на младоста ќе биде дополнителен стимуланс и ќе ја придвижи економијата.

Промовирани огласи »

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, не ја исклучил можноста пред трката за Големата награда на Турција, Луис Хамилтон да добие нов мотор.

Актуелниот светски првак од почетокот на сезоната веќе искористил три погонски единици, колку што е дозволено во Формула 1. До крајот на сезоната во Формула 1 има уште седум трки и веројатно е дека на Хамилтон ќе му биде потребен уште еден мотор.

Доколку ја смени погонската единица, Хамилтон, првата наредна трка ќе ја стартува од последната позиција.

„Таква опција постои, но се уште не сме одлучиле кога ќе е случи тоа“, рекол Волф.

„Најважно е трката да се заврши, а моторот да биде добар. По промената не е важно дали ќе завршите како втор или трет, тоа е во ред, првенството е долго. Но доколку не ја завршите трката…Значи ги разгледуваме сите опции, ќе внимаваме да не ни се појави некаков проблем“, заклучил шефот на Мерцедес.

Трката за Големата награда на Турција ќе се вози во недела.

Промовирани огласи »

За реконструкција биле потрошени 25.000 часа!

Од Sant’Agate Bolognese добивме не само модерен еквивалент на LPI 800-4, туку и официјална реконструкција на првиот прототип.

По 25.000 часа работа, Lamborghini го реконструирал оригиналниот Countach. Поточно, станува збор за прототипот LP 500 претставен на Саемот за автомобили во Женева пред 50 години, а три години подоцна настрадан во краш тест.

За прославата на 50-годишнината од култниот суперавтомобил, од Sant’Agate Bolognese добивме не само модерен еквивалент на LPI 800-4, туку и официјална реконструкција на првиот прототип. Polo Storico, работилницата за реставрација на италијанскиот производител, потрошила 25.000 часа на проектот, „во име на важен колекционер“.

Мистериозниот купувач стапил во контакт со Lamborghini кон крајот на 2017 година, прашувајќи ги дали е можно да се оживее првиот прототип на Countach. При реконстукцијата биле користени оригинални резервни делови, додека одредени компоненти морале целосно да бидат обновени.

Polo Storico користел дури и Cinturato CN12 реплика гуми со кои бил „облечен“ оригиналниот прототип во Женева во 1971 година. Тие доаѓаат од палетата на Pirelli Collezione, линија на класични автомобилски гуми произведени помеѓу 1930 и 2000 година. Иако се нови, тие користат иста шема како оние од раните 70 -ти години.

Промовирани огласи »

„Honda“ ги објави првите фотографии од новата генерација на „Civic Type R“ и откри дека премиерата на овој модел ќе се случи следната година.

Инженерите моментално го тестираат автомобилот на Нирбургринг, а презентираниот прототип е покриен со камуфлажа. Сепак, може да се види дека промените во дизајнот ќе бидат еволутивни и спортската верзија нема значително да се разликува од стандардниот модел.

Сегашниот „Honda Civic Type R“ (FK8) се произведува од 2017-та година. Хечбекот е придвижуван од 2.0-литарски 4-цилиндричен бензински турбо мотор кој развива 320 ks и 400 Nm. Тракцијата се пренесува на предните тркала со 6-брзински мануелен менувач, а „Honda“ веќе најави дека овој погон ќе остане. Според Јапонците, додавањето на систем 4х4 ќе ја зголеми тежината, што ќе предизвика други проблеми, вклучително и сериозен пораст на цената на моделот.

Се очекува новиот „Civic Type R“ да го задржи својот мотор, но малку да ја зголеми моќноста. Гласините за хибридна единица со два електрични мотори никогаш не се потврдуваат, особено затоа што конкурентите како „Ford“, на пример, ја напуштија идејата. Новиот „Focus RS“ се очекуваше да биде хибрид, но „Ford“ ја отфрли можноста поради економската нецелисходност.

Премиерата на моделот на „Honda“ ќе се случи следната година. Возилото ќе добие изменет ентериер, прилагодена суспензија и диференцијал со зголемено триење. Ова воедно ќе биде и најновиот модел на „Honda“ кој не е електрифициран за Европа.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »