.jpg)
.jpg)
Стартува најголемиот хакатон ВО СВЕТОТ - NASA Space Apps Challenge - ПАТУВАЊЕ ВО NASA за најдобрите НА НАЦИОНАЛНО И ГЛОБЛАНО НИВО
Викендов Скопје е домаќин на најголемиот хакатон во светот NASA Space Apps Challenge кој овој пат се одржува јубилејно по 10-ти пат од 1-ви до 3-ти октомври 2021 година и ќе донесе можност за 2-ца учесници да патуваат во посета на NASA Kennedy Space центарот, во Флорида, САД во првата половина на 2022 година.
Досега се пријавени над 150 учесници во сите категории, и оформени се над 20тина тимови кои конкурираат за глвната награда. Регистрирањето е сѐ уште во тек и ќе биде отворено се до 9:00 изутрина на 2 октомври (сабота), а може да го направите индивидуално доколку немате свој тим, или пак како член на тим преку овој линк https://forms.gle/wYx9nGXtsSvGK1XK9.
Традиционално овој натпревар кај нас се организира од страна на Њуменс Бизнис Акцелераторот и Фондацијата Голдилокс Скопје, а со поддршка на Амбасадата на САД во земјава, како и локални поддржувачи, компании, волонтери и ентузијасти. Од оваа година партнер на натпреварот е и Асоцијацијата на советници за развој на кариера - АСК.
Имајќи ја во предвид пандемијата на COVID-19 и во интерес на здравјето и безбедноста на нашата глобална заедница, овогодинешниот хакатон ќе биде целосно виртуелен настан, но доделувањето на наградите за победниците ќе се организира во живо во Скопје на 7 октомври (четврток), за што деталите ќе бидат дополнително објавени.
Теми и предизвици на натпреварот
За секој Space Apps хакатон, експерите од NASA презентираат предизвици со кои тие реално се соочуваат на Земјата и во Вселената, а за време на натпреварот ќе може да комуницирате токму со креаторите како и со тимови од други локации кои работат на истиот предизвик со цел добивање дополнителни информации, разменување на идеи и мислења. Предизвиците се вкупно 28 на број, од повеќе различни области како AI/ML, Apps, Data Organization, Game, Hardware, Knowledge, Moon, Risk, Science Applications, Space Travel, Youth-friendly, а детално може да ги разгледате на следниов линк https://2021.spaceappschallenge.org/challenges/
Натпреварувачки категории и награди - Патување во NASA и гледање на лет на ракета
Во чест на 10 годишнината, NASA додададе 4 нови категории, а воедно со тоа и можност вкупно 10те обеднички тимови од целиот свет (од кои еден може да биде и токму твојот) да патуваат во NASA Kennedy Space центарот во Флорида и да проследат полетување на вселенско летало! Дополнително на ова, 2 члена од нашиот победнички тим на национално ниво со поддршка на локалните партнери и спонзори ќе ја добие истата можност.
Во продолжние е АГЕНДА за NASA SPACE APPS CHALLENGE - Скопје, МКД 2021 (1-3 октомври 2021, петок, сабота и недела)
- 1 октомври (петок), 14:00 ч. - Официјално отворање на натпреварот
- 2 октомври (сабота), Цел ден - Работење на предизвиците и менторски сесии
- 3 октомври (недела), Цел ден - Работење на предизвиците, подготовка на материјалите за презентирање и за прикачување на проектите на глобалната страна на локацијата Скопје https://2021.spaceappschallenge.org/locations/skopje/
- 3 октомври (недела), 17:00 - 21:00 ч. - Презентирање ОНЛАЈН од страна на учесниците пред жири комисија (7 минути презентација + 3-5 минути прашања и одговори) - Секој тим може да се вклучи само во одредениот термин за неговата презентација, но доколку сака може да ги следи сите презентации
- 3 октомври (недела), 21:00 ч. - КРАЕН РОК за прикачување на проектите на глобалната страна на локацијата Скопје
- 3 октомври (недела), 22:00 ч. - Прогласување на 3 тима финалисти
- 7 октомври (четврток), 15:00 - 16:30 ч. - ФИНАЛЕ НА NASA SPACE APPS CHALLENGE - Презентирање ВО ЖИВО во Скопје (точната локација ќе биде дополнително објавена) од страна на учесниците пред жирито. Прогласување на 1во, 2ро и 3то место, доделување на ваучер за патувањето и други награди за останатите финалисти.
Повеќе информации за главната категорија на натпреварот има на https://fb.me/e/10IXDCYVO
Во истиот период ќе се одвива и NASA Kids & Youth Space Challenge - 2 и 3 октомври 2021 (сабота и недела)
АГЕНДА:
2 октомври 11:00 ч. - Отворање на натпреварот
2 октомври 22:00 ч. - Испраќање на слики и видео од сработеното на организаторите
3 октомври 09:00 ч. - Известување на сите учесници за изборот на финалистите
3 октомври 11:00 ч. - Презентирање онлајн од страна на финалистите пред жирито
3 октомври 12:00 ч. - Прогласување на 1во, 2ро и 3то место
Повеќе информации за оваа категорија има на https://fb.me/e/1354Bh96P
Линк за пријавување на линк https://forms.gle/wYx9nGXtsSvGK1XK9.
Следете нѐ за редовни дополнителни информации на: https://www.facebook.com/NASASpaceTechMK и https:// www.facebook.com/NewMansBA