Тунискиот претседател Каис Саид ја назначи Најла Буден Ромдан за првата жена премиер во Тунис, а воедно и во арапскиот свет, два месеци откако ја отпушти претходната влада и превзема широки извршни овластувања.

„ Ова е првпат во историјата на Тунис жена да раководи со Влада.“- изјави претседателот Саид, кој што исто така додаде дека тоа е чест за Тунис и тунижанките.
Родман служеше во министерството за образование во 2011 година, а ќе ја превземе функцијата на премиер во момент на криза, со демократски придобивки добиени во 2011 година под сомнеж и како голема закана за јавните финансии, иако се наметнуваат прашања колкава моќ може да имаа таа.
Во месец јули, Саид ја собори владата и ги замрзна активностите на парламентот предводени од исламистичката партија Енахда, а овој негов потег непријатели го означија како државен удар. Тој отфрли голем дел од Уставот велејќи дека може да ја контролира сам владата за време на вонредниот период.
Тунис се соочува со заканувачка криза во јавните финансии, откако долгогодишната економска стагнација беше отежната од пандемијата и политичките судири. Државните обврзници се под притисок и трошоците за осигурување од неисполнување на нивните долгови достигнаа рекордно високо ниво.
Новата влада ќе мора да побара финансиска поддршка за буџетот и отплатата на долговите, откако владата на Саид во јули ги стави во мирување преговорите со Меѓународниот монетарен фонд. По минатонеделната објава на претседателот Саид дека владата ќе биде одговорна пред претседателот и дека тој може да избере или отпушти министри од кабинетот, улогата на премиерот ќе биде помалку важна отколку во претходните администрации.