Промовирани огласи »

Д-р Јовановски: Медицинскиот факултет има морална обврска да подготви и предложи официјален протокол за лекување на ковид-пациенти

Не зборуваме за преведен протокол од соседството или од англо-саксонската литература, зборуваме за протокол прилагоден на нашите стандарди, вели д-р Јовановски.

Доктор Александар Јовановски, кој има дипломирано на Медицинскиот факултет во Скопје, а сега работи во странство, се огласи со свој став во однос на официјалните протоколи за лекување на корона вирус во земјава. 

За скоро две години пандемија, колку што досега трае чудово, професорите од Медицински факултет Скопје се уште не излегоа со официјална препорака за протокол за лекување на КОВИД пациенти. Не зборуваме за преведен протокол од соседството или од англо-саксонската литература, зборуваме за протокол прилагоден на нашите стандарди, кој Медицински факултет како институција која има произведено најголем процент од медицинскиот кадар во Република Македонија, има морална обврска да го подготви и предложи. Бидејќи, колку што се сеќавам, во тие професури се "колневме". Досега ништо. - констатира тој. 

Според него, наместо тоа, најголем дел од кризата во КОВИД центрите на свои плеќи ја носеа/носат млади специјализанти со нерешен финансиски статус.

За ова никогаш, барем колку што знам јас, не се огласи ниту еден професор. Дополнително, без никаква регулација продолжија да се богатат приватните болници и лаборатории, на грбот на граѓаните. Без срам. Онака, ладно со барање на депозит за да бидеш примен на лекување, чиниш силикони во гради ставаш, анализира д-р Јовановски. 

На советничките листи кои излегоа неодамна, видовме како никогаш досега многу лекари и просветни работници. Суптилната порака која ја праќа нашето општество е јасна. Моралот и големината која ја носат со себе можноста некого да учиш и лекуваш не даваат атрактивни привилегии како (не)моралот што го носи со себе политиката. Овој избор кажува многу. Во секоја бара правилата за преживување се јасни. Секој се бори за ресурсите, многу често крвожедно, пишува докторот. 

Промовирани огласи »

Битиќи: Државата нема да се откаже од инвестирањето во енергетските капацитети надвор од државата

Нема да се откажеме од инвестирањето во енергетските капацитети надвор од државата затоа што тие се важни за нашето стопанство, изјави денеска Битиќи

Нема да се откажеме од инвестирањето во енергетските капацитети надвор од државата затоа што тие се важни за нашето стопанство, изјави денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.

Одговарајќи на новинарско прашање дали државата ќе се откаже од инвестирањето во интерконекторот по најавите од Косово дека размислува во таа насока, Битиќи рече дека нема колебање од македонска страна за ова.

Со Косово зборуваме за интерконектор. Косово досега никогаш нема кажано дека би инвестирал во терминалот во Александропулос. Ние како земја сметаме дека мораме денес, а не утре, да го направиме исчекорот за да му овоможиме на стопанството да биде поконкурентно. Носењето и диверзификацијата на гасот значи за стопанството поголема конкурентност и можност за раст и затоа во овој дел нема колебање. Сметам дека е за поздравување исчекорот што го направивме како државата за првпат да инвестираме во енергетски капацитети надвор од државата. Градењето на интерконекторот и на гасоводната мрежа е претходник на она што не чека следните 30 години, рече Битиќи по промоцијата на проектот Cinderela во кругот на компанијата „Макстил”.

Битиќи вели дека државата би немала никаква загуба од оваа инвестиција доколку Косово се откаже од интерконекторот.

Загуба може да има кога ќе инвестирате 100, а ќе добиете нула. Ние ќе инвестираме 10, а добиваме 100. Можеби, потенцијално би добиле 95, но секако сме во добивка, рече Битиќи. бак/лв/

Скопје, 30 септември 2021 (МИА)

Промовирани огласи »

Намалувањето на каматната стапка на кредитите продолжи и во август

Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во август 2021 година изнесува 4,49% и оствари месечен и годишен пад од 0,01 п.п. и 0,24 п.п., соодветно.

Во август годинава продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и таа се сведе на ниво од 4,49 проценти, а просечната каматна стапка на вкупните депозити во август изнесува 0,79 отсто.

 Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во август 2021 година изнесува 4,49 проценти и оствари месечен и годишен пад од 0,01 прроцентни поени и 0,24 процентни поенти, соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се намали на месечно и годишно ниво за 0,04 процентни поени и 0,20 процентни поени соодветно и изнесува 0,79 отсто, соопшти денеска Народната банка.

Во август година, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,78 проценти и бележи месечно зголемување од 0,16 процентни поени, додека на годишно ниво се намали за 0,16 процентни поенти. Кај новопримените депозити просечната каматна стапка изнесува 0,50 проценти и е пониска на месечна и на годишна основа за 0,01, односно 0,04 процентни поени.

Податоците на централната банка покажуваат дека во август годинава просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор е намалена за 0,01 процентен поен на месечна основа и изнесува 3,60 проценти. Каматната стапка на новоодобрените кредити во овој сектор изнесува 3,23 отсто и во споредба со претходниот месец забележа раст од 0,19 процентни поени. Каматната стапка, пак, на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во август, изнесува 1,09 проценти и тоа е месечен пад од 0,02 процентни поени. Во анализираниот месец Овој каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор оствари раст од 0,04 процентни поени на месечна основа и изнесува 0,46 отсто.

Според НБ, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата исто така бележи месечен пад од 0,16 процентни поени и изнесува 4,42 проценти. Падот е резултат на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула и на кредитите во странска валута (за 0,52 процентни поени и 0,06 процентни поени, соодветно), во услови на остварен раст на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,03 процентни поени). Каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е повисока за 0,05 процентни поени, споредено на годишно ниво.

Од Народната банка информираат дека во август годинава каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 0,75 проценти што претставува пад од 0,04 процентни поени на месечна основа. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, во август, оствари месечно намалување од 0,04 процентни поени и изнесува 0,53 проценти. На годишна основа, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е пониска за 0,13 процентни поени.

Промовирани огласи »

Во вашиот стан не можете да правите што сакате. Законот дозволува да се вршат преправки во станот, но тоа да бидат само козметички интервенции кои нема да ја нарушат статиката на станот над, под или до вас.

Исто така доколку ги вознемирувате станарите, тие може да се обратат до управителот или претседателот на Заедница на сопственици. За значително нарушување на мирот во зградата, сопствениците имаат право да се обратат и до надлежната полициска станица, стои во Законот.

Исто така, а согласно со Законот за домување, ако при користењето на својот дел од зградата сопственикот причинил штета на други делови од зградата што се во сопственост на други лица, тој е строго должен да ја надомести таа штета, односно да ги отстрани другите пречки кои се создаваат.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »