Во Соединетите Американски Држави имаат широка понуда за работа, но нема кој да работи.

Работниците не брзаат да се вратат на работа, иако финансиската помош што ја добиваат од владата ќе заврши, а некои работодавачи нудат повисоки плати, пишува Гласот на Америка.
Во Шарлот, Северна Каролина, сопствениците на барови не можат да најдат доволно работници. Огласите за работа се насекаде низ градот, а локалната стапка на невработеност е намалена од 14 на 5 проценти.
Многу работодавци, ги зголемија стапките на работен час, така што минималната во Амазон сега е 18 долари, а беше 15 долари.
Економистот Метју Мезгар објасни дека федералната финансиска помош е повисока од платата што некои ја земаа пред пандемијата. Откако почна пандемијата, милиони луѓе во САД останаа без работа. Сега следи закрепнување.