Промовирани огласи »

3 причини зошто е добро да усвоите работна униформа

Замислете секогаш да знаете што да облечете наредниот работен ден

 

Замислете секогаш да знаете што ќе облечете утре - и секогаш тоа да го посакувате. Уште еден работен ден, покрај сите одлуки што ќе ги донесете, зарем не би било одлично ако веќе знаете што ќе облечете? Се разбира, многу работни места бараат униформа, но има многу други работни места што им овозможуваат на вработените да носат што сакаат. Униформата не треба да биде ограничувачка, но треба совршено да ви одговара. Ако има блуза што ја обожавате и секогаш добивате комплименти, зошто да не купите иста таква во секоја боја? 

Причина 1: Помал избор значи помал стрес

Колку е поголем изборот, и најверојатно ќе се чувствуваме како да сме направиле погрешна одлука.

Причина 2: Треба да ви биде удобно цело време

Можете да одлучите да носите само облека што ве прави да се чувствувате добро и да изгледате добро.

Причина 3: Може да заштедите пари и време

Кога се држите до класична облека што можете да ја носите повторно и повторно, можете да заштедите добра сума пари и време 

 

 

 

 

Промовирани огласи »

„АЛКАЛОИД“ СЛАВИ 85 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ: Нашите брендови се супериорни, рамо до рамо со светските, порача првиот човек на компанијата, Живко Мукаетов

Од само две постројки, со 15 работници, денес, 85 години подоцна во „Алкалоид“ има околу 60.000 метри квадратни производни погони и над 2.500 вработени

Скромните почетоци на нашата најуспешна фармацевтска компанија „Алкалоид“, датираат од август 1936 година, кога на патот од Скопје кон Велес е отворен еден од најстарите капацитети за преработка на алкалоиди во тогашната југословенска заедница. Од само две постројки, со 15 работници, денес, 85 години подоцна во „Алкалоид“ имаме околу 60.000 метри квадратни производни погони и над 2.500 вработени во базата во Скопје и во 20-те подружници распоредени во 15 земји во светот.  \

Ова меѓу другото го истакна Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управен одбор на Алкалоид АД Скопје, по повод 85-годишниот јубилеј на компанијата.

Тој нагласи дека континуираниот деловен успех и одржлив развој на „Алкалоид“ се должи пред се на квалитетот на производите, но и на квалитетот на кадрите кои работат во компанијата, на брендот на „Алкалоид“, како и на поединечните брендови кои ги има, а ги граделе генерации пред нас, години наназад.

Алкалоид денес преку 60 проценти од својот асортиман, пласира во над 40 земји во светот. Светските трендови во фармацијата, хемијата, фитотерапијата и козметологијата се имплементирани во нашите секојдневни операции, а примената на најсовремени стандарди за добра производна праксам, е потврдена од реномирани авторитети, вели во своето обраќање Мукаетов. 

Првиот човек на „Алкалоид“ потенцира и дека инвестициите на компанијата кои во изминатите 15 години достигнаа 200 милиони евра, а лоцирани во производни капацитети, лаборатории, истражување и развој, техниологија и континуирана едукација на вработените, овозможуваат пласман на производи со супериорен квалитет, кои можат да се носат рамо до рамо со кој било производ од својот сегмент во светот.

Во продолжение обраќањето до јавноста на Мукаетов по повод овој значаен јубилеј на нашата најголема фармацевтска компанија.

Промовирани огласи »

Microsoft отсега ќе дозволи логирање без лозинка

Колку ќе бидеме сигурни со новите измени?

Microsoft понуди решение за познатиот проблемот да запомните премногу лозинки,тие целосно да бидат отстранети.

Компанијата објави дека ќе воведе опција за „сметка без лозинка“ за сите корисници на неколку популарни услуги како што се Microsoft Outlook и Microsoft OneDrive во наредните недели. Оваа опција претходно беше достапна за корпоративни сметки во месец март.

„ Сега можете целосно да ја отстраните лозинката од вашата сметка на Microsoft“ - напиша Васу Јаккал, корпоративен потпретседател на компанијата за безбедност, усогласеност и идентитет.

Наместо лозинки, Microsoft ќе им дозволи на своите корисници да се најават на овие услуги или со автентична апликација на компанијата, која произведува уникатен нумериран код за најава на секои неколку секунди, или пак со Windows Hello, што ќе им овозможи на корисниците да се најават со помош на препознавање на лице или отпечаток од прст.

Корисниците на Microsoft исто така можат да купат надворешен безбедносен клуч, како USB-уред со информации за најава зачувани во него, или пак да регистрираат телефонски број до кој Microsoft ќе испраќа код за верификација. 

Овие промени Microsoft ги воведе поради зголеменоста на сајбер нападите во текот на минатата година. Со оглед на тоа дека мнозинството вработени во компанијата работат од дома поради пандемијата со корона вирусот, хакерите имаат повеќе можности да се инфилтрираат во системот на компанијата, а загрозувањето на лозинки е една од нивните најчести стратегии.

Според Microsoft,  579 напади со лозинка се случуваат секоја секунда, па се до 18 милијарди напади годишно. Експертите за сајбер безбедност велат дека слабоста се наоѓа во човековото однесување, односно тенденцијата истата лозинка да се користи за повеќе сметки за да може полесно да се запомни.

 

Промовирани огласи »

Ципрас: Младите не сакаат гигабајти и џепарлак, сакаат визија и перспектива

Ципрас: Мицотакис се плаши да ги стави на гласање меморандумите со Македонија

За сите актуелни теми во Грција, како што се економијата, пандемијата, вакцинацијата, иднината на младите, односите со Турција, но и Договорот од Преспа, говореше лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас за време на традиционалната прес-конференција во Солун, во рамките на Меѓународниот саем, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас упати критики до актуелната Влада за начинот на кој ги третира младите, велејќи дека во изминатите две години ставот бил дека „за сè е виновна неодговорноста на младите”, а сега се обидува да ги придобие со мерки, како што е бесплатен интернет.

Младите не сакаат гигабајти и џепарлак, сакаат визија, перспектива и план за да можат да студираат, да останат во земјата, да работат за достоинствена плата, порача Ципрас и додаде дека мерката што минатата седмица ја соопшти гркиот премиер за додатокот од 1.200 евра за вработување на младите, „всушност не е месечен износ, туку станува збор за 100 евра месечно за шест месеци”.

Истакна дека нивниот предлог е зголемување на најниската плата, што пред сè, се однесува на младите.

За ситуацијата со пандемијата во земјата, Ципрас направи споредба на денешните и податоците за време на ланската прес-конференција во Солун, за состојбата со Ковид-19 и истакна дека „се доказ за неуспехот на владината политика”, а Грција во изминатиот период, од август, според податоците од ЕЦДЦ „е првак во Европа според потврдени случаи и починати, односно втора по нови случаи, втора по смртни случаи”.

Посочи дека „вакцинацијата, што е важно оружје и надеж, не се движи онака како што требаше и се уште се ниски бројките, додавајќи дека и за ова постои одговорност, со оглед на тоа дека „мнозинството од граѓаните ја загубија довербата во Владата на Мицотакис”, која не може да ги убеди граѓаните да се вакцинираат.

Перспективата за колективен имуните се оддалечува, мислам дека дефинитивно. Она што треба сега да го сториме е да се обидеме да ги убедиме сите наши сограѓани. Не станува збор за политичка конфронтација, тоа е прашање што пред сè, се однесува на здравјето на сите. Да се обидеме да ги убедиме граѓаните да престанат да бидат резервирани, рече Ципрас и повтори дека не станува збор за политичка или партиска конфронтација, туку нивната порака е „да за животот, да за вакцинација, не за логика на авторитаризам и поделбата, што ќе донесе спротивен резултат”.

На новинарско прашање зошто СИРИЗА не бара предвремени избори, Ципрас рече дека врз основа на Уставот, Мицотакис има одговорност кога ќе свика избори и „ако има храброст нека распише, во негови раце е”.

Паралелно, изрази убеденост дека СИРИЗА ќе ги добие следните избори кога и да се одржат.

За односите со Турција, Ципрас ја обвини Владата дека има „недостиг на национална стратегија”, нема стратегија за одбрана на суверените права и изгубила шанса по изборот на Бајден кога требаше да ја искористи за можност за дијалог.

Мислам дека е неопходно да постои јасна национална стратегија, која ќе биде ефикасна и силна во одбраната на нашите суверени права, а истовремено ќе има стратешка перспектива за решавање на разликите во рамки на меѓународното право, истакна Ципрас.

Денешната прес-конференција на лидерот на СИРИЗА траеше три и пол часа, а Ципрас одговори на 44 прашања од новинарите, додека пак минатиот викенд, исто така во рамки на Меѓународниот саем во Солун, говор и прес-конференција одржа и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Алексис Ципрас, вчера, во неговиот говор ја претстави програмата на опозициската партија за „нов почеток за политичкиот систем, нов почеток за економијата, нов почеток за општеството”.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »