Промовирани огласи »

Зошто менаџерите се плашат од далечинска работа во иднина?

Работата од дома открива многу проблеми со кои менаџерите тешко се справуваат

Сакале или не, начинот на кој работиме веќе еволуирал. Оваа борба наликува на тековна дебата за далечинско работење во индустрии како што се технологијата и финансиите. Работата од дома открива многу брутални проблеми со кои директорите не сакаат да се справат, бидејќи лошо се одразуваат на лидерите и на оние што ги ангажирале. 

Ја отстранува можноста да изгледате продуктивно (ако седите на маса гледате серија или секогаш сте на телефон). Некои луѓе навистина треба да се појават лично. Не можете да миете садови преку апликацијата Зум. Не можете да ги смените постелнините преку Slack

Додека многу директори и менаџери ги поминаа првите месеци од пандемијата, кажувајќи им на своите вработени дека „работата од дома нема да трае долго“, тие сега се принудени да прават лажни контрадикторни изјави како „Ќе ни недостасува канцелариската култура и соработка“.

Сега, со тоа што варијантата Делта на коронавирусот се заканува да ги одложи плановите за враќање на многу луѓе во канцелариите, вредноста на личната работа се соочува со уште поголем тест. Ако имате невакцинирани деца ја ризикувате безбедноста на вашето семејство.

Причината за работа од дома е толку кошмарна за многу менаџери и директори поради тоа што голем дел од модерниот бизнис е изграден на лична работа.

Како општество, ние имаме тенденција да го сметаме менаџментот за титула, а не за вештина. Кога ќе го отстраните физичкиот канцелариски простор - местото каде што луѓето се издвојуваат на состаноци - станува многу потешко да ги заплашувате луѓето како тип на менаџмент. Всушност, вашата позиција во компанијата станува потешко да се оправда ако се што правите е делегирање и грижа за луѓето.

Промовирани огласи »

Тестирање против Ковид-19 на самите граници нема да има

Мерката е со цел Македонија да не се препознава како земја извозник на вирусот.

Мерката за приложување на сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19, Владата ја усвои со единствена цел земјата да не се препознае како извозник на вирусот. На денешната прес конференција на портпаролите на Владата, беше истакнато дека оваа мерка е придонес за поддршката на масовната имунизација како најсоодветен одговор на спречување на ширење на вирусот Ковид-19.

Мерката е израз и наша определба да направиме се што е потребно нашата земја да се препознае како земја која води активни политики за имунизација и која не треба да се препознава како земја извозник на вирусот. Треба да се има предвид дека постапка за обезбедување доказ за вакцинација или за прележан Ковид-19 е вообичаена постапка за проверка на граничните премини при влез во огромен европски и светски земји која граѓаните секако треба да ја испочитуваат и затоа ова мерка во голем процент и се спроведува, изјави портаролот на Владата Мухамет Хоџа.

Од таму одговорија и на прашањето зошто потврдата за прележаност не трае повеќе од 45 дена, барем шест месеци како што е пракса во сите други држави.

Сите мерки кој ги носи Владата на Република Северна Македонија се по препорака на Комисијата за заразни болести. Овие документи треба да се приложат при излез од нашата држава. Секој граѓанин кој планира да излезе од државата и да патува и во големиот дел на европските држави и светски треба да ги приложи истите документи, сертификат за вакцинација две дози и ПЦР негативен 72 часа, изјави Хоџа и додаде дека нема да има можност за тестирање на самите граници. 

Промовирани огласи »

Акции што блеснаа за време на пандемијата

Дали акциите на вашата компанија се зголемија за време на пандемијата?

Голем број на аналитичари очекуваат Zoom, Plug Power, Roku и многу други компании кои се издигнаа за време на пандемијата, да пријават раст на продажбата од 20% повеќе за најмалку 3 години од сега.

Зголемете ја вашата продажба преку добри вести. Можеби многу пати сте ја сретнале оваа фраза, најчесто кога една компанија ќе објави резултати многу подобри од што очекувале аналитичарите, бидејќи некои инвеститори почнуваат да веруваат дека работите ќе се влошат. Таквото размислување може да доведе до продавање или пропуштање на многу профитабилни добивки.

Платформата Zoom беше еден од најголемите победници за време на пандемијата, бидејќи успеа да ја направи работата од далечина неопходна за милиони луѓе, кои можеа да се служат и со платформата за видео конференција. Акциите на оваа компанија се зголемиле за 411% од крајот на 2019 година па се до 30ти август оваа година.

Секогаш е важно да правите сопствени истражувања за каква било инвестиција, посебно кога станува збор за акции за да знаете дали компанијата може да биде конкурентна во следните години.

 

Промовирани огласи »

Неколку менаџери споделија што е важно да кажете за да бидете соодветен кандидат

Дали сте доволни спремни за време на вашето интервју?

Сите менаџери кои што се одговорни за вработување знаат дека фазите на интервјуирање на еден кандидат можат да бидат навистина тешки. Кандидатите кои сте ги избрале може да бидат навистина одлично квалификувани и вешти на хартија, но сепак начинот на кој што ќе се претстават за време на интервјуто често претставува одлучувачки фактор.

Личното интервју со кандидатот може да открие многу работи, од карактерот па се до нивните мотиви за работа. Иако многумина може да кажат слични работи за нивната работна позадина и професионални цели, некои кандидати може да дадат уникатен и импресивен одговор што ќе докаже дека тие се вистинската личност за таа позиција. Неколку менаџери советуваат за тоа шо е правилно да се зборува за време на едно интервју.

1. Докажете го она за кое зборувате

Секој кандидат за работа сака да направи да звучи одлично, но понекогаш тие знаат да ја прошират вистината или пак да даваат нејасни одговори. Важно е да може да го потврдите она што е напишано во вашата апликација за работа и да дадете проверени резултати за да ги поткрепите своите тврдења.

2. Определете која е вашата цел за работното место за кое аплицирате

На интервју за работа може да ви постават многу прашања, но менаџерите секогаш имаат неколку клучни прашања кои може да одлучат дали вие сте соодветен кандидат за таа позиција. Едно од тие прашања може да биде кои се вашите цели за вработување во компанијата. Секогаш менаџер би сакал да има кандидат кој што ќе биде посветен на работата и ќе може да создава големи вредности за компанијата.

3. Бидете смели да кажете што не ви се допаѓа

Кога ќе разговарате со менаџерот за време на вашето интервју, покажете му дека сте смел кандидат кој има свои ставови и дека би можеле да ја подобрите компанијата со тоа што ќе го известите кога нема да се согласувате со неговите ставови и одлуки.

4. Дадете им до знаење дека сте спремни да учите нови работи

Ниту еден менаџер нема да биде согласен со кандидат кој мисли дека знае се. Доколку не го знаете целосно одговорот на некое прашање за време на вашето интервју, подобро е да се обидете да размислите на таа тема и да не го лажирате својот одговор. Тоа може да му даде до знаење на менаџерот дека размислувате и сакате да учите нови работи

5. Бидете запознаени како функционира компанијата во која аплицирате

За секоја компанија е важно новиот вработен да може културно да се вклопи со останатие колеги. Затоа, убаво би било доколку прашате какви вредности има компанијата или пак ќе ги откриете самите преку истражувања на нивната веб страница.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »