Јавното претпријатие за благосостојба на бездомни животни ЈП „Лајка“ успешно се справува и ги третира кучињата бездомници во градот Скопје, но дел од нив по хуманиот третман, согласно со закон треба да се вратат повторно назад од локацијата каде што биле заловени.

Во моментот заловените кучиња се носат во просториите на јавното претпријатие, кои имаат капацитет привремено да згрижат околу 100 кучиња. Стационарот во моментов претставува еден вид транзит зона каде што покрај крвните анализи и процесот на кастрација или стерилизација, се врши и микрочипирање на кучињата и им се ставаат ушни маркички.
Обезбедуваме простор во рамките на затворот, кој ќе биде нов дополнителен капацитет за потребите на ЈП „Лајка“, со што се проширува постојното одделение за вдомување на кучињата. Во овој објект е предвидено ЈП „Лајка“ да ги сместува сите заловени кучиња откако ќе го поминат третманот и здравствените прегледи, наместо да ги враќа назад на матичната локација, со што ќе се зголеми и периодот за кој граѓаните ќе можат да вдомат куче доколку се заинтересирани – истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски.
Повеќе на slobodenpecat