Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 09.08.2021 до 07.00 часот денеска во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани околу 588 полициски службеници, реализирани 222 мото-патроли и користени 175 возила. Деноноќно на терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата: Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка, кои несебично помагаат во гасење на пожарите.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите.
Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец!