Промовирани огласи »

А1 Македонија со интересни новости

Што ново спреми А1 Македонија?

Нешто ново! Со задоволство сакаме да ви соопштиме дека А1 Македонија ја збогати својата кариерна страница со една нова поинаква карактеристика.

HR Блогот или ,,Tech as a fuel for transformation" преку кој нашата работна сила ќе се подготви за дигитална транформација.

Целата идеја на блогот е да се зголеми нивото на знаење на вештините потребни за иднината со цел одржување во чекор понапред со најновата технологија која е во фокус на А1 како 5G, Data Analytics & AI, Digital & Growth Marketing.

Следете го изборот на проекти кои ќе бидат имплементирани во А1 наскоро...https://jobs.a1.com/mk

Тагови: А1 Македонија ДООЕЛ Скопје

Промовирани огласи »

Груевски станува бизнисмен со своја фирма во Унгарија

Експремиерот Груевски станува бизнисмен, регистрирал фирма во Унгарија

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски стана бизнисмен речиси три години по бегството од Македонија, откако регистрирал фирма со широка деловна активност во гратчето Пецел во близина на Будимпешта открива редакцијата на „Дојче веле“ на македонски јазик. Оваа информација ја објави и унгарскиот портал „24“.

Новата фирма на Груевски од 14 јули годинава се наоѓа во куќа на улицата „Бошкаи“ број 9. Станува збор за друштво со ограничена одговорност И.Ц.И.Ц (И.Ц.И.Ц.).  Груевски побарал и добил одобрение да почне бизнис со фирма чие седиште е во Пецел на горенаведената адреса, според документите објавени во унгарскиот Централен регистер на фирми. „Дојче веле“ објави дека фирмата на Груевски планира широки бизнис-активности во најмалку 10 различни сектори, според увидот во документите.

Од увидот во документите до кои дошло „Дојче веле“, се наведува дека компанијата на Груевски планира широки бизнис активности во најмалку 10 различни сектори. Регистрацијата на фирмата го чинела поранешниот македонски премиер 8.350 евра.

Груевски при регистрацијата на фирмата ја навел адресата на својот адвокат во Будимпешта, а како втора адреса ја навел онаа во Скопје, на улицата Павел Шатев број 3 во Кисела Вода, според извори на германскиот медиумски сервис.

Промовирани огласи »

Вучерите за домашен туризам ќе бидат поделени следната недела

Нема да важи условот „прв дојден, прв услужен“ што се применуваше досега.

На сите граѓани што аплицирале и што ги исполнуваат условите за добивање ваучер за домашен туризам ќе им бидат врачени во текот на наредната недела и нема да важи условот „прв дојден, прв услужен“ што се применуваше досега, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Министерството за економија во соработка со Министерството за финансии, пратениците и Собранието обезбеди средства за сите да бидат покриени и вкупно над 4.000 ваучери да бидат издадени во текот на наредната недела, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата и додаде дека ваучерите за домашен туризам ќе можат да се користат до крајот на годинава.

Истакна дека смета оти не се доцни со ваучерите за домашен туризам и порача дека тие се даваат во континуитет.

Имајќи ги во предвид капацитетите што ги имаат одредени наши региони веќе се издадени над 1.200 ваучери и се користат во моментов. Дополнително, во текот на наредната недела ќе бидат издадени уште околу 3.000 ваучери со што вкупната бројка ќе надмине 4.000 ваучери, прецизира Бектеши.

Нагласи дека Министерството за економија како надлежно за секторот туризам на дневна основа ги следи сите случувања и во континуитет го помага овој сектор, како хотелиерството, така и угостителството.

Со усвојување на ребалансот на Буџетот на денешната пленарна седница на Собранието очекувам од наредната недела да бидат исплатени сите субвенции и целосната поддршка за овој сектор што беше ветена од Министерството за економија и од Владата од одредени економски мерки кои веќе ги имаме промовирано, потенцира Бектеши.  

Тагови: туризам

Промовирани огласи »

Возење велосипед по „Патот на смртта“

Само за авантуристи

Карпи и кал кои носат стотици жртви годишно. Ова се некои од обележјата на патот на Северна Јунгас во Боливија, или патот на смртта.

Сепак, токму овие застрашувачки атрибути привлекуваат огромен број луѓе на спиралната удолнa патека секоја година, каде предизвик е да се вози велосипед по патот и да се живее за да се каже за тоа.

Патот на смртта, или Ел Камино де ла Муерте на шпански, паѓа надолу на околу 69,2 километри од Ла Паз највисоката национална престолнина на светот со надморска височина од 3.944 метри до Короико, заспан град близу Амазон со надморска височина од 4.826 стапки (1.471 метар). 

Патот на смртта не е лудо стрмен, но, тој е  исполнет со остри кривини, а има спортско чисто карпесто лице од едната страна и стрмен пад во бездна од 6000 метри од друга страна. Како надополнување, времето таму е често врнежливо и магливо, попречувајќи ја видливоста.

Експертите проценуваат дека околу 200 до 300 луѓе годишно загинале на патот на смртта со децении. Најтешката несреќа  се верува дека се случила во 1983 година, кога повеќе од 100 лица загинале во автобуска несреќа на место познато како Крива на ѓаволот. Во 1995 година, Интер-американската банка за развој го нарече Јунгас патот како најопасен во светот, според Би-Би-Си.

Таа злокобна ознака фрли меѓународно рефлектор на патеката во Боливија. Наскоро, туристичките компании за планински велосипедизам започнаа да се појавуваат за да ги водат трагачите по возбуда по патот за производство на адреналин, што исто така ги обединува спектакуларните глетки.

Возење велосипед по „Патот на смртта“

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »