Промовирани огласи »

Акција на грчките власти против работата „на црно“

Грчките власти ги гонат работниците „на црно“

Грчките власти ги гонат работниците „на црно“ со оглед на тоа што од следниот месец во земјата почнува да се реализира пилот програма во чии рамки ќе се провруваат сите прекршувања поврзани со непријавена работа.

Весникот „Етнос“ пишува дека претставници на повеќе ресорни министерства заеднички ќе проверуваат области во кои се претпоставува дека има најмногу „работа на црно“, како што се туризмот, рестораните, таверните, објектите за забава, баровите, трговијата и услугите.

Целта на грчките власти е непријавената и неосигурана работа, која сега изнесува 30 проценти, да падне на 10 отсто. За оние кои го нарушуваат законот предвидени се казни од илајда до 10.500 евра.

Промовирани огласи »

Видео: Петиција за признавање на македонските возачки дозволи во Германија

Македонците во Германија бараат властите да ја признаат возачката дозвола

Со петицијата се бара признавање на македонските возачки дозволи во Германија, а за поддршка на оваа петиција останаа уште 10 дена. Еве како може да се поддржи оваа петиција, пишува Канал5 :

Целта на петицијата е признавање на возачките дозволи издадени во Р. Македонија од страна на СР Германија.

( ВАЖНО: По потпишувањето во петицијата ќе ви стигне e-Mail со кој ќе потврдите дека сте гласале. Исто така во потрдниот e-Mail имате опција петицијата и по Mail понатаму да ја споделите )

„Причини: Според официјалниот попис, во СР Германија заклучно со датум 31.12.2015 се регистрирани 95 976 македонски државјани (*1) (околу 5 проценти од вкупното население на РМ Македонија).

Бројот на регистирани македонски државјани во СР Германија, кој во периодот 2014-2015 се зголемил за 12 122, се очекува постојано да се зголемува, поради големата заинтересираност на македонските граѓани за работа во СР Германија.

Една од главните пречки на доселените работници и жители од Р. Македонија во СР Германија е неможноста за признавање / правење препис на македонските возачки дозволи во германски дозволи после 6 месеци престој во СР Германија.

Сметаме дека е непотребно да се бара од лицата кои што веќе имаат 6 месеци искуство со управување моторни возила во СР Германија, и поседуваат валидни македонски возачки дозволи, повторно да го преполагаат возачкиот испит во СР Германија. Нужноста да македонските возачи во СР Германија после 6 месеци да мораат да го преполагаат возачкиот испит е додатен финансиски како и временски трошок, но и пред се, пречка во извршување на работните и секојдневните обврски поврзани со транспортот со сопствено или комерцијално возило. Р. Македонија е земја кандидат за членство во ЕУ од 2005 и веќе има склучено договори со земјите членки на ЕУ Италија и Шпанија за реципрочно признавање на возачките дозволи (сите категории), како и земјите кандидати за членство во ЕУ Албанија, Србија и Црна Гора. ТУКА можете да го погледнете упатството за пополнување на петицијата.

Видео: Петиција за признавање на македонските возачки дозволи во Германија

Промовирани огласи »

Пензионерите на оваа балканска земја се среќници: Ќе добиваат минимална пензија од 500 евра

Која балканска земја воведува минимална пензија од 500 евра?

Словенeчкиот парламент без ниту еден глас против ги усвоил измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Минималната пензија ќе биде 500 евра.

Според овие измени, пензионерите со полни услови за старосна пензија ќе имаат гарантирана пензија од 500 евра, пренесе агенцијата Хина.

Се наведува дека целта на законот е да осигура дека минималните целосни пензии ќе бидат барем толкави да сиромашните пензионери не треба да бараат од државата заштитен додаток.

Mинималната пензија од 500 евра би ја примале, според податоци на владата, околу 45 200 пензионери. Според податоците на пензиското осигурување, во почетокот на оваа година месечна пензија помала од 500 евра примале 98 200 пензионери, а сите тие со полн работен стаж и потребни години на живот отишле во пензија.

Законот вчера е прифатен едногласно без глас против, и покрај тоа што владиниот предлог опозиционите партии најпрво го оценуваа како популистички потег наменет за привлекување на избирачи, во последната година од мандатот на сегашната влада.

Промовирани огласи »

ССК ќе презентира можности за полесен пристап до финансии за жените бизнисмени

На настанот најавено е присуство на жени менаџерки кои со помош на оваа програма користат средства од различни извори на финансирање и ја унапредиле својата дејност

Сојузот на стопански комори денеска заедно со претставници од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) ќе ги презентираат можностите за полесен пристап до финансии за компаниите раководени од жени.

На настанот најавено е присуство на жени менаџерки кои со помош на оваа програма користат средства од различни извори на финансирање и ја унапредиле својата дејност.

Од ССК посочуваат дека искуствата укажуваат оти за поуспешно водење бизнис во македонските компании и за нивна поголема конкуретност потребна е поголема информираност и експертиза, но и пристап до финансии.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »