Повторно здодевниот утрински аларм Ви го нарушува парчето тишина во кое уживате. Постојано одложувате и не сакате да станете од вашиот кревет. Како што стрелката на часовникот се приближува кон 7 часот, така секој ваш мускул се чувствува болно. Пристигнувате во вашата канцеларија и го вклучувате компјутерот. Сè Ви изгледа толку нормално, освен што умот Ви лута…се чувствувате здодевно на работа. Здодевноста ги открива потенцијалните проблеми што ги имате на работа:
- Вашите интереси и работата не се совпаѓаат- Во ваков случај добро е да размислите зошто сте аплицирале на тоа работно место.
- Мали можности за развој и учење- Замислете дека ги правите истите задачи две недели или две години, одново и одново. Како би се чувствувале вие?
- Имате премногу слободно време- Кога имате премногу слободно време, вашиот ум лута на некое друго место.
- Се чувствувате исцрпено и изморено- Додека вложувате помалку труд на работа, толку сте помалку мотивирани и заинтересирани за вашата работа, што пак ве вознемирува уште повеќе.
- Немате јасна цел- Луѓето кои се во иста позиција подолго време лесно се чувствуваат изгубено.
Помалку познати последици:
- Зголемен стрес
- Лоши навики
- Намалена продуктивност
- Намалено психичко здравје
Што да правите доколку постојано се чувстувате здодевно на работа? Секогаш е добро да разговарате со вашиот претпоставен или супервизор за вашата ситуација на работа. Ова не само што ќе Ви помогне да не се чувствувате здодевно, туку исто така ќе остави впечаток кај вашиот претпоставен дека сакате да напредувате и учите. Пробајте искористете го времето што Ви преостанува за да сработите нешто дополнително. Кратките паузи се исто така чекор напред во борбата со здодевноста, а истите тие ја зголемуваат продуктивноста.
Кога се чувствувате здодевно на работа, тоа е всушност предупредувачки знак што не треба да го занемарувате. Тоа може да значи дека ви недостасува некоја цел во животот. Започнете да правите промени што повторно ќе ве направат ентузијастични за вашата кариера и живот.
Можностите се насекаде, можеби ве чека подобра работа.