Промовирани огласи »

Земјоделците имаат уште десет дена за поднесување барања за субвенции. Крајниот рок е 30 јуни. На барање на Министерството за земјоделство, Владата минатиот месец го пролонгираше рокот поради пандемијата. Првично, рокот за аплицирање за финансиска поддршка беше до 31 мај.

Поради состојбата предизвикана од пандемијата, аплицирањето за субвенции оваа година се одвиваше со намалена динамика. Во интерес на сите земјоделци кои досега не успеаја да ги поднесат своите барања, Министерството за земјоделство во соработка со Агенцијата за финасиска поддршка поднесе барање до Владата за продолжување на рокот кое беше прифатено, информира тогаш МЗШВ.

Министерството апелира земјоделците да го искористат продолжениот рок и да аплицираат електронски на www.ipardpa.gov.mk, а доколку не можат или не знаат како, да се обратат во подрачните единици на МЗШВ каде ќе добијат помош.

Барањата за мерките за растително производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, додека барањата за сточарско производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во ФАРМ регистарот со состојба на денот на аплицирањето.

Пред да поднесат барања за субвенции, земјоделците треба да ги ажурираат податоците за да бидат точни и целосни информациите во сите системи од каде Платежната агенција потоа ги презема. Потоа може преку веб страницата на Агенцијата електронски да поднесат барања со претходна регистрација во системот и клик на банерот „директни плакања” – е-барање.

За финансиска поддршка во земјоделството оваа година се предвидени 3.723.103.000 денари, а аплицирањето почна на 5 април 2021.

Промовирани огласи »

Санкционирани околу 600 возачи за пребрзо возење

16 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина

На територијата на град Скопје во рамки на засилените сообраќајни контроли вчера изречени се вкупно 247 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 106 санкции.

Од МВР денеска соопштија дека од вкупниот број изречени санкции, 13 се за прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, три санкции за возачи почетници, 12 санкции за управување без возачка дозвола.

91 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

– Изречени се 45 санкции за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, три санкции за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 22 санкции за непрописно паркирање, стои во соопштението.

Промовирани огласи »

Бислимоски: Колку ќе поскапи струјата ќе се знае за десетина дена

Евтината тарифа ќе остане, а новата цена на струјата ќе се знае наскоро

Најодговорно тврдам дека поскапувањето побарано од енергетските компании нема да биде прифатено и Регулаторната комисија за енергетика ќе си прави анализи врз основа на кои, очекувам во наредните десетина дена, да излезе со конечни пресметки за цената на струјата, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Промовирани огласи »

Ако го знаете одговорот на ова прашање, Елон Маск веднаш би ве вработил

Ова му е омилено прашање на интервјуата, а на него многумина „паѓаат“

Стресот и неизвесноста што ги чувствуваме за време на интервју за работа понекогаш може да се идентификува со кошмар за кој не сакаме повторно да го сонуваме.

Во повеќето случаи, ова се само стандардни интервјуа, за кои се знае што може да се очекува пред да се влезе, но сосема спротивно од тоа изгледа во компаниите на Илон Маск.

Видеото веднаш беше преплавено со коментари со шпекулации на луѓе кои се обидоа да ја решат загатката.

Во твојата глава, бидејќи ова прашање ја негира теоријата на релативност“, „Јас сум дома затоа што не би ме вработил, беа некои од коментарите, додека другите корисници нудеа посериозни математички решенија.

Сепак, точниот одговор не е единствениот. Првиот, на кој повеќето инженери точно одговараат, е Северниот пол.

Тогаш Маск би прашал: „Каде на друго место би можел да бидеш?“

Вториот одговор ќе биде: некаде во близина на Јужниот пол. Мал број на инженери одговориле на ова прашање, и Илон со задоволство ги водел низ сложувалката до можни одговори, поставувајќи равенки за време на објаснувањето, објасни биографот на Маск, Ешли Венс.

За среќа на оние кои се бореле да го дадат точниот одговор, милијардерот навистина не се грижел дали сте излегле со точен одговор, но на овој начин се обидува да заклучи како потенцијалните кандидати пристапуваат кон решавање на проблемот и ги обработуваат информациите.

Тагови: Елон Маск

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »