Македонскиот пасош е 43 по ред највреден на светот, а зад нас во регионот е Црна Гора, додека Србија е на 36 место по вредност на патната исправа. Од друга страна, Хрватска и Словенија се најдоа на листата 16-ти и 11-ти по ред.

Организацијата која се занимава со проценка на пасошите, „Хенли пасош индекс“, на својата веб-страница ја објави најновата листа на моментално највредните пасоши во светот, чии граѓани имаат најголема корист кога патуваат на глобално ниво.
Највредниот пасош во светот е јапонскиот, чии граѓани можат да влезат во 193 земји без виза, по што следат Сингапур (192), јужнокорејскиот и германскиот (по 191), потоа италијанскиот, финскиот и шпанскиот и луксембургскиот (190).
Американскиот пасош е на седмото место, заедно со уште четири други земји, а Американците можат да влезат во 187 земји низ целиот свет.
Руските граѓани можат да влезат во 118. земја без виза, а нивниот пасош е на 48. место, додека најслабо рангиран е авганистанскиот, со слободен влез во 26 земји за граѓаните на таа земја.
Тагови: Пасош