Да се биде успешен претприемач овие денови може да значи многу работи, но најмногу бара висок степен на амбиција и позитивен резултат. Бидејќи сè повеќе жени добиваат сила и храброст за реализација на сопствените идеи за бизнис, тие стануваат сериозен дел од нашето општество. Нивниот успех не само што произлегува од амбициозноста, напорната работа и инспирацијата, туку потекнува и од нивната способност да се борат да ја преживеат секоја „бура“ во процесот и да не прифаќаат НЕ за одговор.
Сите можеме да учиме од примерот на овие жени.
 - Copy 2.jpg)
Затоа тимот на KARIERA.mk одлучи да ја започне оваа кампања за поддршка на жените - претприемачи (основачи ) со тоа што ќе ги понуди своите услуги на сите заинтересирани жени - претприемачи за промоција на нивните компании преку промотивни приказни, интервјуа и споделување на успешни приказни на вработените, социјални медиуми со над 500 000 фанови, како и за бесплатно огласување за новоотворени работни позиции со цел да се овозможи наоѓање квалитетен кадар кој дополнително ќе го зацврсти успехот на нивните компании.
KARIERA.mk е онлајн мрежа за вработување од 700 000 луѓе и претставува сервис за поврзување на компаниите со кандидатите за вработување кој е резултат на заедничката соработка помеѓу тимови со над 15 годишно искуство во HR и IT индустријата.
Услугите што тимот на KARIERA.mk ги нуди се следните:
1. Банер (реклама) 300 х 250
2. Промотивна приказна со 2 до 3 слики која ќе биде објавена на нашите канали за промоција
3. Објавување оглас, доколку не сте го направиле досега, треба да креирате профил на компанијата на нашиот сајт и самостојно да го внесете огласот по што ние веднаш ќе го активираме. Огласот ќе биде исто така пуштен на сите наши канали за промоција на огласите.
Оваа кампања е веќе поддржана од Сојуз на Стопански Комори, Здружение на Бизнис Жени, МАСИТ Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии, Womenpreneurs Stories, Women in Tech, Македонија2025, NewMan's Business Accelerator, Праксис и AmCham. Очекуваме оваа листа на поддржувачи да се зголеми доста во периодот додека трае кампањата.
Сите кои се заинтересирани да бидат дел од оваа кампања можат да ни пратат барање на contact@kariera.mk.
