Промовирани огласи »

Скокнаа трошоците за живот во Македонија

Цените растат

Во Македонија скокнаа трошоците за живот. Во март оваа година во споредба со истиот месец во 2020 трошоците на живот се зголемени за 2,1 отсто, а цените на мало за 2,6 проценти.

Пораст на индексите на трошоците на животот во март 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 3.5 oтсто. Свежото и разладеното овошје поскапе за 2.1 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.8 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 0.4 отсто, месото и жестоките пијалци за 0.2 осто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај рибата и морските плодови за 0.6 отсто и конзервираното овошје за 0.3 отсто.

За 4,3 отсто поскапување има кај алкохолот и тутунот, трошоците за живот за домување, вода, струја се зголемени за 4,5 проценти додека кај храната за 1,7 отсто. Трошоците на живот за здравствена заштита скокнале од 2,5 отсто. Цените на мало во март во споредба со истиот месец лани најмногу се зголемени на непрехранбените и индустриските производи како и кај услугите.

Промовирани огласи »

Биткоинот повторно започна да изненадува откако ја премина неверојатната граница од 60 000 долари, а потоа падна на 57 000 долари.

Вчера утрото, оваа криптовалута го започна во „зелена“ боја. Околу 11,30 часот биткоин вредеше 58,600 американски долари, што е раст од околу 2 проценти за 24 часа-

Од друга страна, втората најпопуларна криптовалута, етериумот, продолжи да го руши рекордот. Нов рекорд од 2.114 долари, што е зголемување за околу 4 проценти во последните 24 часа.

Тоа беше седмиот последователен раст на оваа криптовалута. Цената скокна повеќе од 20 проценти во претходните 9 дена по одлуката на една компанија за картички да ги олесни трансакциите со американски парички на мрежата на етериум блокчеин .

Етер, матичната крипто валута за Eтериум, оваа година скоро ја зголеми тројно својата цена.

Промовирани огласи »

СЗО објасни зошто е против воведување пасоши за вакцинација

Засега не поддржуваат вакви пасоши

Засега не поддржуваме пасоши за вакцинација, велат од Светската здравствена организација.  Ваквиот став е поради неизвесноста дали вакцинацијата го спречува пренесувањето на вирусот, изјави денеска портпаролката на СЗО, Маргарет Харис.

Мнозинството европратеници изразија поддршка за брзо воспоставување на дигиталниот зелен сертификат, што за цел го има олеснувањето на слободно и безбедно движење во Европската унија за време на пандемијата. Грција беше меѓу првите земји која побара воведување ваков пасош за патување. Тие на овој начин сакаа да си обезбедат безбедна летна сезона. Во светот досега има над 132 милиони ковид случаи. Многу земји како Германија, Израел, воведуваат привилегии за вакцинираните граѓани како посета на фризер, можност да одат на концерти и слично. 

Промовирани огласи »

Со законски измени ќе се олесни зголемувањето на износот на регресот за годишен одмор за поддршка на вработени во КОВИД кризата. Ова е одлука од 64-та седница на Владата. 

Владата денеска го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка со кој се одредуваат непризнаените расходи со што се создава можност за зголемување износот на регрес за годишен одмор кој што ќе се третира како признаен расход за даночни цели, како мерка од петтиот пакет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19.

Во истата насока на олеснување на работата на компаниите во услови на КОВИД-19, со предложените измени и дополнувања се предлага како признаен расход да се признаваат и платените лабораториски тестови за КОВИД-19 што ги прават компаниите за своите вработени.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »