Промовирани огласи »

ЕК предлага продолжување на уредбата за укинување на роамингот уште 10 години

Брисел бара и во следните десет години операторите да не смеат да наплаќаат за роаминг

Европската комисија предложи продолжување на регулативата за укинување на роамингот за уште десет години.

Сегашната регулатива, со која се укинаа трошоците за роаминг во рамките на ЕУ и Европската економска област, истекува во 2022 година. Сега се предлага ова да се продолжи до 2032 година.

Покрај тоа, новата регулатива ќе им обезбеди на потрошувачите право на квалитет и брзина на поврзување на нивната мобилна мрежа во странство како дома, каде што се достапни еквивалентни мрежи. Новите правила исто така ќе обезбедат ефикасен пристап до услугите за итни случаи.

Според истражувањето на „Евробарометар“, 33 проценти од луѓето што патуваат во ЕУ се жалат на намалената брзина на мобилниот интернет кога се во странство во споредба со брзината што ја имаат дома. Според новиот предлог, ова не треба да се повтори.

Ова значи дека ако корисниците имаат 4G, и сè повеќе 5G како дел од претплатата, тие не треба да имаат помала брзина на мрежата при роаминг, каде и да се достапни тие мрежи. Комисијата се определи за нова регулатива затоа што смета дека сè уште не се зрели условите пазарот да ја регулира.

Наплатата за роаминг беше укината на 15 јули 2017 година.

Промовирани огласи »

Илон Маск изгуби 15 милијарди долари, веќе не е најбогатата личност на светот

Падот на вредноста на биткоинот го симна Маск од лидерското место на најбогатите во светот

Илон Маск ја изгуби титулата најбогата личност во светот по неодамнешниот пад на цената на акциите на компанијата на Тесла, главниот извор на неговото богатство.

Акциите на Тесла потонаа повеќе од 20 проценти во однос на врвот во јануари, кога чинеа 880 долари. Значителен пад на цените беше забележан оваа недела откако компанијата инвестираше 1,5 милијарди долари во Биткоин, пишува Би-би-си.

Овој пад го врати Џеф Безос на врвот на листата на најбогати луѓе во светот.

Падот на цената на акциите на Тесла следеше по неверојатниот пораст минатата година, кога акциите скокнаа од 90 долари на повеќе од 700 долари.

Поради тој раст, Маск го престигна шефот на Амазон, Џеф Безос, во трката за најбогата личност во јануари, но покрена и прашања за вистинската вредност на компанијата што произведува многу помал број автомобили во споредба со конкуренцијата.

Падот на цената на акциите на Тесла „избриша“ повеќе од 15 милијарди долари од богатството на Маск.

Промовирани огласи »

Петров: Градиме партнерства и ја јакнеме соработката помеѓу корпоративниот сектор и стартапите

Фондот за иновации и технолошки развој воведува Програма за корпоративна иновативност

Фондот за иновации и технолошки развој воведува Програма за корпоративна иновативност која ќе овозможи воспоставување на партнерства и јакнење на соработката помеѓу корпоративниот сектор и стартапите, новооснованите трговски друштва.

Програмата за корпоративна иновативност која ФИТР ја воведува за прв пат има за цел поттикнување на иновативните проекти и нивна соодветна примена, размена на искуства и знаења, унапредување на бизнисот, раст и развој на двете страни.

Програмата предвидува доделување на финансиски средства и/или техничка поддршка на новоосновани трговски друштва (стартапи) што ќе овозможи подобрување на реализацијата и пласманот на нивните производи и услуги преку соработка со претпријатија кои имаат значајно присуство и влијание на пазарот.

Од друга страна, на корпоративниот сектор оваа програма му овозможува да добие директен пристап до иновативни решенија за унапредување на работните процеси, подобар пласман на производите и услугите и освојување на нови пазари. Воедно, на овој начин корпоративниот сектор ќе даде значаен придонес во развојот на стартап екосистемот и иновативната економија, притоа обезбедувајќи си општествено одговорно позиционирање.

Целта на оваа програма е да ги мотивираме големите корпорации и брендови, во партнерство со Фондот, активно да се вклучат во развојот и трансформацијата на македонскиот стартап еко систем. Фактот што досега само од Фондот се поддржани над 300 стартап компании, покажува дека македонскиот стартап екосистем брзо се развива и партнерствата со веќе докажани корпорации и брендови, уште повеќе ќе го забрза процесот на трансформација и ќе им овозможи на македонските стартапи да бидат покомпетитивни и на национално но и на глобално ниво. – изјави Коста Петров, директор на ФИТР и додаде дека институцијата, преку повеќе иницијативи интензивно работи и на позиционирање на Република Северна Македонија како регионален стартап хаб.

Претставниците од корпоративниот сектор, односно трговските друштва, веќе од денес и во текот на целата година можат да аплицираат за Програмата за копрпоративна иновативност со доставување на пополнет образец со основни податоци за компанијата, област на делување и краток предлог-концепт за партнерство или соработка со Фондот. Во зависност од целите, соработката ќе се реализира преку различни модели, како: организирање на еднократни настани (предизвици, хакатони), споделување на ресурси (бесплатни алатки, простор за работа), поддршка за развој на бизнисот (инкубатори, акселератори) и сл. ФИТР ќе формира Комисија за разгледување на доставените предлог-концепти, додека одобрувањето ќе се врши врз основа на точно дефинирани критериуми.

Промовирани огласи »

Америка можно е да добие нова валута. 

Администрацијата на претседателот Џо Бајден го поддржува истражувањето за одржливоста на дигиталниот долар, oбјави Блумберг. 

Дигиталниот долар може да биде добро решение за Американците кои немаат пристап до банкарски сметки или системи за лесно плаќање, изјави Џенет Јелен, американската министерка за финансии.

Објасни дека дигиталната верзија на доларот може да помогне во надминување на пречките во вклучувањето на домаќинства со пониски примања во финансискиот систем.

Премногу Американци немаат пристап до системи за лесно плаќање и банкарски сметки, и тоа е она што дигиталниот долар, како дигитална валута на централната банка, може да помогне. Тоа би довело до побрзи, побезбедни и пониски плаќања, што се важни цели, објасни Јелен.

Голем број централни банки, вклучувајќи ги и Федералните резерви на САД, прават истражување за тоа како може да се користи дигиталната верзија на нивните валути. Но, има скептични по ова прашање. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »