Постојано во чекор со новите трендови кога се работи за осигурување, Халк Осигурување АД Скопје е општествено одговорна компанија која покрај за своите клиенти еднакво се грижи и за своите вработени.
Халк Осигурување АД Скопје е компанија од секторот на неживотно осигурување, со постојан раст на македонскиот пазар уште од нејзиното основање во 2007 година. Следејќи го брендот на Халкбанк АД Скопје, во 2019 Халк Осигурување АД Скопје помина сериозен процес на трансформација и ребрендирање.

Примарната карактеристика која се истакнува во однос на останатите друштва за осигурување е високиот стандард за комуникација со клиентите. Професионалноста на над 100-те вработени одлично се забележува во услугите и осигурителните решенија прилагодени на потребите на секој клиент.
Отворен, искрен и фер однос кон клиентите е тоа што им се допаѓа на илјадници клиенти кои веќе имаат искуство со услугите на Халк Осигурување АД Скопје. Постојаниот развој и прилагодливоста се неопходни активности за секој од клиентите да биде сигурен во својот избор, а тоа во Халк Осигурување АД Скопје е дел од основните вредности и заложби.
Воедно, разноликоста и талентот на вработени се ценети, а со тоа се постигнува мотивацијата да работат како еден тим.
Сибил Стершик, основачот на Quality Service Marketing рекла „Онака како што се чувствуваат вашите вработени, така ќе се чувствуваат и вашите клиенти. И доколку вашите вработени не се чувствуваат ценето, истото ќе се случи и со ваите клиенти.“
Правопропорционално со ова се развива и Халк Осигурување АД Скопје. Посветеноста на внатрешната организација и односите со клиентите во исто време може да донесе само неминовен успех.

Дел од понудите на Халк Осигурување АД Скопје кои се актуелни во моментов:
Патувањето почнува без грижи! ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ СО ВКЛУЧЕНИ ТРОШОЦИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ ОД КОВИД - 19
Добијте 10% на полисите за доброволно осигурување
Мисијата на Халк Осигурување АД Скопје е да се олесни и збогати животот на физичките лица и корпорациите преку индивидуални и корпоративни решенија за осигурување и да се одржи нивната вредност, да се обезбеди квалитетна услуга и да се обезбеди задоволство кај клиентите, акционерите и вработените.
Досега, Халк Осигурување АД Скопје успешно ја остварува својата мисија, а континуитетот во квалитетот на работата само ќе го одржи тој статус на подолг рок.