Цената на биткоинот достигна рекордно високо ниво од над 41.000 долари во петокот и сега сега има вкупна пазарна вредност од над 700 милијарди долари со што вкупната вредност на целиот пазар на крипто-валути за прв пат надминa еден трилион долари.

Ако ги слушате таканаречените биткоин - „Bulls“ ова е само почеток. Тие веруваат дека цената ќе достигне веројатно прво 100.000, потоа 150.000, па и 200.000 американски долари. Ова го тврди и Шамат Палихапитија, основач и извршен директор на „Соушл капитал“
„Во кој период? Не знам . Можеби за пет или 10 години, но трендот веќе оди натаму, вели тој.
Со голема возбуда, многу луѓе се прашуваат дали треба да инвестираат во биткоин. Сепак мора да се знае дека криптовалутата создава и широк спектар на загриженост. Според аналитичари биткоинот е меур, премногу ризичен за инвестирање, подложен е на измама и може да наведува.
„Ако историски гледате на цената на биткоинот, имало голем број прилики кога таа расте, но и навистина брзо се урива. На пример, по пикот и вредноста од скоро 20.000 долари во 2017 година, цената на Биткоин пропадна и изгуби една третина од својата вредност за еден ден, а во 2018 година падна на дури 3.122 долари бришејќи милијарди долари од вкупната пазарна вредност на криптовалутата. Затоа некои, како инвеститорот Марк Кубан, го споредуваат биткоинот со коцкање и советуваат да инвестираат само онолку пари колку што можете да си дозволите да изгубите. Треба да бидете барем психички и финансиски подготвени дека [несреќата] може да се повтори. Може да се случи утре, вели Џејмс Ледбетер, финансиски уредник на Сиенбиси (CNBC)
Неодамна претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард рече дека биткоинот има своја улога во олеснување на некои криминални активности и оваа криптовалута овозможува некој „смешен бизнис“. Таа ја отфрли можноста битокоин да стане валута.