Промовирани огласи »

Татко и неговите две полнолетни деца биле уапсени на граничниот премин Промахонас при влез во Грција, бидејќи одбиле да им биде направен рапид тест, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, 67-годишниот маж, 27-годишниот син и 23-годишната ќерка, сите грчки државјани, ќе треба да платат и казна од 5.000 евра, а биле уапсени за прекршување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот и денеска ќе бидат изведени пред јавен обвинител.

Освен негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето, на сите оние кои преку копнените граници влегуваат во Грција задолжително им се прават и брзи тестови.

Промовирани огласи »

Ваучерот за туризам оваа година ќе биде од 200 евра – еве кој ќе може да го добие

Мерката продолжува како спас за туризмот

Ваучери за годишен од 12.000 денари ќе дава Владата за граѓаните со ниски примања. Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција кажа дека во делот на туризмот и оваа година ќе продолжи мерката организиран одмор на работници со ниски приходи. Но, ваучери нема да има за сите граѓани со ниски примања туку ќе се делат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Ефектите од ваучерите за домашен туризам за граѓани со ниски приходи, кои што како мерка за поддршка на туризмот за време на пандемија ги реализиравме минатата година дадоа резултат, посебно за домашните туристички капацитети. Оваа година, во таа насока продолжуваме преку оваа мерка која што почна да се реализира за прв пат во 2017 година. Оваа година, за таа намена се предвидени вкупно 15.000.000 денари за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари, рече Бектеши.

Јавниот повик за аплицирање ќе биде објавен во првата половина од годинава.

Тагови: туризам

Промовирани огласи »

Шахпаска: Со 64 години пензионирање и 15 години пензиски стаж за сите граѓани

Измени во законот за пензионирање

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска за Тв24 истакна дека во собраниска процедура се наоѓаат четири закони, законот за работни односи, законот за вработени во јавната администрација, законот за здравствена заштита и законот за вработени во високото образование.

„Сите четири закони претставуваат дел од закони кои предвидува пензионирање со 64 години и 15 години пензиски стаж. Тоа е основниот услов за одење во пензија. Не за жени со 62, туку за сите е 64 години. Овие четири закон ги предложија пратениците, но се кординиараа со нас“, рече министерката.

Министерката истакна дека се поднесени 480 амандмани и најголем дел од нив се однесуваат на моментот од кога ќе почне имплементацијата на законското решение. Таа исто така истакна дека се работи на законското решение, недела да биде неработен ден.

„Ја направивме анализата иако ни беше даден краток рок за анализа и го разгледувавме на седницата на економско социјалниот совет, со писмен допис беше испратено како до Сојузот на стопанските комори, така и до претставниците на синдикатите, на сите засегнати страни. Суштината е да се овозможи работниците да го користат правото на неделен одмор за да бидат со семејствата, но мора да има и исклучоци.“ – рече министерката.

Промовирани огласи »

Шахпаска: Недела, неработен ден, ама по завршување на корона кризата

Шахпаска за недела неработен ден

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во емисијата 24 анализа ги демантираше наводите дека претставниците на ССМ не се вклучени во собраниските комисии. Истакна дека се работи на законското решение, недела да биде неработен ден.

„Ја направивме анализата иако ни беше даден краток рок за анализа и го разгледувавме на седницата на економско социјалниот совет, со писмен допис беше испратено како до Сојузот на стопанските комори, така и до претставниците на синдикатите, на сите засегнати страни. Суштината е да се овозмои работниците да го користат правото на неделен одмор за да бидат со семејствата, но мора да има и исклучоци.“ - рече министерката.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »