Промовирани огласи »

Колку е моќен македонскиот пасош?

Во колку земји можеме да патуваме без визи?

Нашите и црногорските пасоши нудат исти можности и отвораат ист број граници без виза. 

Со македонскиот пасош без виза се патува во 124 држави во светот. 

Тој се најде на 45 место на листата на земји во светот според бројот на држави во кои македонските граѓани можат да влезат без виза. Носителите на македонски пасош, како што објави „Хенли паспорт“ индексот за првиот квартал од 2021 година, без виза можат да патуваат во 124 држави.

Нашата земја 45-то место го дели со Црна Гора. На врвот на листата е рангирана Јапонија, со чијшто пасош без виза може да се патува во 191 земја од вкупно 199 колку што ги има на листата. Зад Јапонија е Сингапур со слободен влез во 190 земји, а веднаш потоа и Германија и Јужна Кореја со чии што пасоши може слободно да се патува во 189 земји во светот. 

Од државата во регионот највисоко е рангирана Грција, којашто го дели осмото место и слободен влез во 184 земји. Словенија е на 12 место и слободен влез во 180 држави, Бугарија и Хрватска го делат 18-то место за слободен влез во 171 земја, Србија е на 38 место со безвизен влез во 134 земји, Босна и Херцеговина е 49-та со влез во 117 земји, Албанија на 52 место и влез без виза во 114 земји, а Косово го споделува 102-то место со слободен влез во 40 држави. На дното на листата се Сирија, Ирак и Авганистан.

Во 2018 година јапонскиот беше најмоќен пасош.  Година претходно, сингапурскиот пасош беше број еден во светот. 

Промовирани огласи »

Пристига убава вест: Ќе се лета од и до Македонија на нови дестинации

Авиосообраќајот повторно ќе се активира

Патувањето со авион изминатата година беше мошне намалено поради актуелната состојба, а бројни летови беа привремено стопирани или се уште се, поради актуелната состојба.

Сепак пристигаат најави за подобра година, а тоа е затоа што македонската влада годинава ќе обезбеди 1,1 милиони евра субвенции за авиокомпаниите со цел тие да започнат нови линии кон земјата, пренесе EX-YU Aviation News.

Порталот го цитира министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој вели дека Владата ги гледа сите авиокомпании кои работат на македонскиот пазар како сериозни партнери за развој на воздушниот сообраќај во земјата и дека ќе продолжи да работи со нив.

„Оваа година се обезбедени 1,1 милиони евра во буџетот како финансиска поддршка за лансирање на нови линии”, вели Бочварски додавајќи дека земјите постепено ќе ги укинуваат ограничувањата поради болеста, па воздушниот сообраќај ќе започне да се враќа на претходните нивоа.

Во текот на изминатата деценија, Македонија додели стимулации за лансирање нови рути на заинтересирани превозници преку јавен тендер во тригодишни интервали. Сите ги освои „Визер“, кој единствено покажа интерес.

Бочварски претходно рече дека буџетската авиокомпанија ќе започне летови меѓу Абу Даби и Скопје, иако продажбата на билети допрва ќе започне. Минатиот месец, украинската авиокомпанија „Виндроус“ почна со услуги од Киев до македонската престолнина.

Како што потсетува овој специјализиран портал, владите низ целиот регион се обидоа да ги стимулираат превозниците или да одржуваат летови или да започнат нови услуги пред панде*ијата.

Минатата година, словенечката влада се одлучи за слична стратегија со доделување близу еден милион евра на авиокомпаниите што летаат кон земјата, а дополнителни еден милион ќе бидат обезбедени оваа година.

Генералниот директор на аеродромскиот оператор „ТАВ Македонија“, Метин Батак, вели дека тековните ограничувања за влез на македонските граѓани продолжуваат да се една од најголемите пречки за обновување на воздушниот сообраќај во земјата.

Зборувајќи за EX-YU Aviation News, Батак вели дека најголемиот предизвик за обновување на македонскиот патнички сообраќај се ограничувањата за патување за македонските граѓани воспоставени од земјите-членки на ЕУ, поради новата зараза.

„Имено, граѓаните со македонски пасоши не можат да влезат во ниту една земја на ЕУ, освен ако се работи за основни дејности (претежно медицински работници) или имаат одреден вид виза (во зависност од земјата).

Дополнителна главоболка е што различните држави на ЕУ имаат различни ограничувачки политики воведени поради болеста. Не постои координиран пристап кон проблемот во ЕУ и тоа ги засега сите земји географски лоцирани во Европа и пошироко.

Ова е надворешен фактор што ние како оператор на аеродромот не можеме да го ублажиме со 77 отсто од македонскиот воздушен сообраќај концентриран во ЕУ. Ова е главно надлежност на Владата. Сепак, ние сме во ситуација во која не можеме да седиме и да чекаме. Ние мора да дејствуваме“, вели првиот човек на „ТАВ Македонија“.

Тој додава дека до македонската влада, Министерството за здравство и сите релевантни органи иницирале и предложиле модел на систематско тестирање на домашните аеродроми.

„Се надеваме дека ќе започнеме со отворање на границите од некои од главните пазари на ЕУ, а потоа една по друга, другите земји ќе ја спроведат истата практика.

Тоа е комплициран процес кој, покрај воспоставувањето на вистинскиот здравствен орган што би извршил тестирање на аеродромот, вклучува билатерални договори меѓу Македонија и земјите-членки на ЕУ, затоа, ќе ни треба целата поддршка што можеме да ја добиеме од владата и соодветната ЕУ тела”, изјави Батак за овој портал.

извор: galama.club

Промовирани огласи »

Бугарските лекари ќе добиваат по 10 лева за секоја препишана доза на вакцина

Со стартот на електронскиот регистар на вакцини против Ковид-19

Бугарија на лекарите ќе им плати по 10 лева или околу 5 евра за секоја регистрирана доза на вакцина против Ковид-19 кај своите пациенти, пренесува бугарската национална телевизија.

Ова стана јасно на состанокот помеѓу  министерот за здравство проф.д-р Костадин Ангелов со учество на раководствата на Министерството за здравство и Медицинскиот синдикат.

Парите ќе им бидат исплатени на личните лекари кои работат во центрите за дијагностика и консултации, лекарите во медицинските установи, лекарите во мобилните центри за вакцинација и медицинските лица во регионалните здравствени инспекции.

Средствата ќе бидат обезбедени од државниот буџет. Плаќањето ќе се одвива по запишувањето на вакцинацијата во електронски регистар.

Промовирани огласи »

Истражување: Најмалку 50 отсто од заразата со Ковид-19 ја пренесуваат луѓе без симптоми

Во голем дел од овие сценарија, се покажало дека луѓето без симптоми (асимптоматски и предсимптоматски) пренесуваат најмалку 50 отсто од новите зарази.

Американски научници утврдија дека најмалку 50 отсто од заразата со коронавирус ја пренесуваат луѓе без симптоми на болеста, објави списанието Journal of the American Medical Association.

Заменик директорот на Одделот за инфективни болести во американскиот Центар за контрола и превенција на болести и шефот на истражувањето Џеј Батлер изјави дека резултатите од нивната студија ја потенцираат важноста на носењето маски и придржувањето кон физичкото растојание.

За потребите на студијата, истражувачите ги класифицирале потенцијалните преносители на коронавирусот во три групи: симптоматски, предсимптоматски (оние кои сè уште немаат симптоми, но ќе ги развијат) и асимптоматски.

Тие потоа изработиле модел за тоа колку секоја група ќе го шири коронавирусот врз основа на денот кога луѓето се најзаразни. Како основна вредност го одредиле петтиот ден од изложеноста на коронавирус, бидејќи е утврдено дека тоа е просечно времетраење на инкубацијата. Тоа е период кога повеќето луѓе развиваат симптоми.

Моделот првично вклучува претпоставки дека 30 проценти од заразените се асимптоматски и дека нивното количество на инфективност е малку помало (75 проценти) во споредба со оние кои покажуваат или ќе развијат симптоми.

Според овие претпоставки, резултатите покажале дека само асимптоматските луѓе се одговорни за 24 проценти од инфекциите.

Но, научниците создадоа и сценарија, според кои, врвот на инфективноста е третиот, четвртиот, шестиот и седмиот ден, во кои го зголемувале и намалувале процентот на асимптоматски луѓе, како и нивната стапка на зараза во однос со останатите групи.

Во голем дел од овие сценарија, се покажало дека луѓето без симптоми (асимптоматски и предсимптоматски) пренесуваат најмалку 50 отсто од новите зарази.

– Размерите на трансмисија генерално биле над 50 проценти, без разлика на широкиот опсег на почетни вредности, истакна Батлер, додавајќи дека аналитичарите се изненадени од доследноста на резултатите. (МИА)

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »