Промовирани огласи »

Истражување: Најмалку 50 отсто од заразата со Ковид-19 ја пренесуваат луѓе без симптоми

Во голем дел од овие сценарија, се покажало дека луѓето без симптоми (асимптоматски и предсимптоматски) пренесуваат најмалку 50 отсто од новите зарази.

Американски научници утврдија дека најмалку 50 отсто од заразата со коронавирус ја пренесуваат луѓе без симптоми на болеста, објави списанието Journal of the American Medical Association.

Заменик директорот на Одделот за инфективни болести во американскиот Центар за контрола и превенција на болести и шефот на истражувањето Џеј Батлер изјави дека резултатите од нивната студија ја потенцираат важноста на носењето маски и придржувањето кон физичкото растојание.

За потребите на студијата, истражувачите ги класифицирале потенцијалните преносители на коронавирусот во три групи: симптоматски, предсимптоматски (оние кои сè уште немаат симптоми, но ќе ги развијат) и асимптоматски.

Тие потоа изработиле модел за тоа колку секоја група ќе го шири коронавирусот врз основа на денот кога луѓето се најзаразни. Како основна вредност го одредиле петтиот ден од изложеноста на коронавирус, бидејќи е утврдено дека тоа е просечно времетраење на инкубацијата. Тоа е период кога повеќето луѓе развиваат симптоми.

Моделот првично вклучува претпоставки дека 30 проценти од заразените се асимптоматски и дека нивното количество на инфективност е малку помало (75 проценти) во споредба со оние кои покажуваат или ќе развијат симптоми.

Според овие претпоставки, резултатите покажале дека само асимптоматските луѓе се одговорни за 24 проценти од инфекциите.

Но, научниците создадоа и сценарија, според кои, врвот на инфективноста е третиот, четвртиот, шестиот и седмиот ден, во кои го зголемувале и намалувале процентот на асимптоматски луѓе, како и нивната стапка на зараза во однос со останатите групи.

Во голем дел од овие сценарија, се покажало дека луѓето без симптоми (асимптоматски и предсимптоматски) пренесуваат најмалку 50 отсто од новите зарази.

– Размерите на трансмисија генерално биле над 50 проценти, без разлика на широкиот опсег на почетни вредности, истакна Батлер, додавајќи дека аналитичарите се изненадени од доследноста на резултатите. (МИА)

Промовирани огласи »

Тесла за прв пат ја надмина пазарната вредност на Фејсбук!

Вредноста на автомобилската компанија на Елон Маск достигна неверојатни 769 милијарди долари.

Вредноста на автомобилската компанија на Елон Маск достигна неверојатни 769 милијарди долари. Тесла за првпат ја победи пазарната вредност на Фејсбук  во четвртокот, 7 јануари. Акциите на производителот на електрични автомобили на Елон Маск за кратко дојдоа со цена од 811,61 УСД за акција за време на сесијата, со што вредноста на компанијата достигна 769 милијарди долари.

Наспроти ова, според податоците на „Рефинитив“, пазарната вредност на Фејсбук е 765 милијарди долари. Во последните 12 месеци, вредноста на акциите на автомобилскиот производител Маск се зголемија за повеќе од 700% и со тоа Маск стана највредниот производител на автомобили во светот. Исто така јужноафриканскиот бизнисмен го надмина Џеф Безос од Амазон и стана најбогатиот човек во светот според индексот на Блумберг, со лично богатство од 188,5 милијарди долари.

Промовирани огласи »

Наскоро отворање на новиот „Дино парк“ во Зоолошка

Околу 325.000 евра се потрошени за овој парк.

Од Град Скопје и од Зоолошка градина најавија дека наскоро е големото отворање на новиот Дино парк. 

За сите оние кои сакаат да се впуштат во нови и возбудливи авантури, да дознаат за неверојатниот свет на диносаурусите и да се сретнат очи во очи со застрашувачкиот T-Rex, големиот но мирољубив Трицератопс и многу други! Конечно и кај нас, наскоро отворање на новиот Дино Парк во Зоолошката Градина во Скопје, напишаа на својата Фејсбук страна. 

Во паркот има 41 динасаурус во природна големина. Посетителите во природна големина ќе можат да видат Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус како и поставки со мали диносауруси. Диносаурусите ќе имаат синхронизирани движења, дишење, трепкање и ќе испуштаат звуци, со што ќе ги доловиме на посетителите овие праисториски животни. Ова ќе биде прв Дино парк на Балканот каде ќе има толкав број на диносауруси, како и едукативна содржина за секој од нив. 

Паркот зафаќа површина од 2.000 метри квадратни. Има два влеза, еден од внатрешноста на Зоолошката градина и уште еден од страната на Градскиот парк. Во паркот ќе бидат изведени сите придружни елементи односно патеки, зеленило, билетарница, тераса и дел за одмор. За Дино паркот ќе се плаќа посебен билет од 50 денари.

За уредување на просторот и набавка на диносаурусите од буџетот на Град Скопје обезбедени се 20 милиони денари (околу 325.000 евра).

Промовирани огласи »

Од полноќ поскапуваат горивата

Горивата од полноќ ќе се продаваат по повисоки цени.

Горивата од полноќ ќе се продаваат по повисоки цени. Регулаторната комисија за енергетика денеска ја донесе одлуката за новите цени на нафтените деривати.

Од полноќ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 денар/литар. Со тоа новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 62,00 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 63,50 ден/лит .

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 04.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,888 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 04.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 29,651 ден/кг.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »