Со месеци наназад уште пред да биде одобрена некоја од вакцините во светот се зборуваше за тоа дека во иднина оние кои нема да примат вакцина нема да можат да патуваат, а глем број на авио компанија ја поддржаа идејата. Сега се откриваат некои информации плус околу тоа како овој процес ќе се одвива.
Имено се претпоставува дека покрај пасошите кои досега ги имаме и користиме, во иднина ќе имаме и здравствени пасоши. Информации за тоа дали некој ја прележал новата болест, дали и кога направил PCR-тест и дали примил вакцина – сето ова во иднина ќе може да се најде во ваквите здравствени пасоши.
Оваа идеја на големо се разработува во многу земји, а главно ја заговараат туристички работници и авиокомпании кои се надеваат дека може да им донесе спас за време на кризата. И на дел од обичните граѓани не им пречи, бидејќи се убедени дека во иднина ќе можат полесно да патуваат до омилените дестинации, кои им биле недостапни скоро една година, но дел од нив, особено оние кои од секогаш биле против вакцинација не ја примија со добро информацијата.

Некои светски авиокомпании веќе најавија воведување на вакви пасоши како услов за идните летови. Така, австралиската авиокомпанија Квантас најави дека вакцинацијата против оваа болест ќе биде задолжителна за сите нејзини меѓународни патници, но се размислува за воведување на истиот услов и на домашните летови.
Туризмот и транспортот се наоѓаат во исклучително тешка состојба на глобално ниво, па затоа е сосема нормално тие бидат фокусирани да се најде решение за нивно, условно речено, нормално функционирање.
Здравствените пасоши за луѓе кои примиле вакцина можат да стане реалност уште во 2021 година, изјави директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ), Кирил Дмитриев.
„Ние, се разбира, гледаме дека ќе бидат воведени здравствени пасоши. Мислам дека некои земји ќе ги воведат побрзо, а други побавно. Но нема дилема дека ќе има авионски летови кои ќе бидат поврзани или со тестирање за оваа болест или со пасошите за вакцинирање“, рече тој за телевизијата Русија 24.
Дмитриев рече дека тоа е неизбежно. Според него, тоа е реалноста што светот на крајот ќе ја воведе во функционирањето.
„Да, тоа звучи малку чудно сега, но мислам дека никој нема повеќе да го поставува тоа прашања за една година, бидејќи факт е дека вакцинираните луѓе се помалку ризични од оние кои можат да бидат заразени. Затоа, овие пасоши, кои сега се развиваат во многу земји, ќе станат дел од нашите животи веќе оваа година“, потенцираше тој.
Во некои држави луѓето кои се вакцинираат веќе добиваат такви т.н. здравствени пасоши каде пишува на кој ден и со која вакцина се вакцинирани.
Во Велика Британија, сите вакцинирани лица добиваат картичка, која сè уште нема правна вредност и не овозможува поголема слобода во врска со патувањата и други активности. Тоа е потсетник со име и презиме, код и датум на вакцинација, како и кога е потребно да се прими втората доза.
Франција отиде најдалеку, таму во Собранието се најде законот, според кој само вакцинираните лица можеа да користат јавен превоз, да одат на натпревари, ресторани, концерти. Неговото усвојување, сепак, е одложено, барем привремено.
Во многу држави процентот на луѓе што сакаат да се вакцинираат е многу мал, така што условот да се патува со вакви пасоши ќе наиде на големи реакции.