Претседателот на Estée Lauder, козметичкиот милијардер Леонард Лаудер, изјави дека да се биде успешен значи да се потроши времето правилно и да се знае уште на почетокот дека ништо не може да го замени напорното работење.

„Мал совет што би го дал на сите млади луѓе: Никогаш не доаѓајте доцна“, рече тој. „Бидете први и ако можете, заминете последни. Тоа секогаш придонесува во остварување позитивни резултати“.
Вработените во Estée Lauder сè уште го нарекуваат Леонард како „Главен директор “ на компанијата. Според Форбс, Леонард во моментов вреди 22,5 милијарди долари.
Лаудер ги откри и своите едноставни клучеви за успех.
„Имам две мали фрази што се клуч за успехот“, рече тој. „Број еден, биди љубезен и број два, слушај. Ако можете да бидете љубезни, да ги слушате и да се однесувате со луѓето со почит, не можете да верувате колку можете да постигнете и колку ќе бидете запаметени, следени и славени. Тоа е патот по кој треба да се оди “.
Леонард Лаудер објави книга „Компанијата што ја чувам - мојот живот во убавина“ оваа година, во која детално се наведени основите на компанијата и неговиот подем до вечно лидерство.