Промовирани огласи »

Нови вработувања во ИТ секторот!

Македонскиот ИТ сектор во последните три години бележи постојан раст во број на компании и вработени, раст на извозот, на профитот и приходите. KARIERA.mk во продолжение Ве информира за најактуелните отворени работни позиции во ИТ индустријата. Аплицирајт

Македонскиот ИТ сектор во последните три години бележи постојан раст во број на компании и вработени, раст на извозот, на профитот и приходите. KARIERA.mk во продолжение Ве информира за најактуелните отворени работни позиции во ИТ индустријата. Аплицирајте и бидете дел од тимот на овие реномирани компании! 

MAJOR LTD e канадска компанија за аутсорсинг, посветена на помагање на претприемачите да најдат неверојатен талент ширум светот за нивните деловни активности. Со повеќе од 10 години искуство во работењето, оваа компанија има отворени работни позиции за:
JAVASCRIPT FRONTEND DEVELOPER
JOB POSTING FOR MYSQL PHP BACKEND DEVELOPER

Open GI е водечка компанија за развој на софтвер и доверлив партнер во општата индустрија за осигурување. Со седиште во Велика Британија и Европа, оваа компанија нуди низа ИТ решенија на брокери за осигурување, осигурителни компании. Open GI е во потрага по:
PRODUCT OWNER
SENIOR SOFTWARE DEVELOPER

Кеитаро е компанија со отворен извор што ги поттикнува деловните субјекти, владите и заедниците во целиот свет. Нивната цел е да обезбедат најдобри решенија и услуги во класа со креативно користење врвна технологија. Поради потребите на своето работење Кеитаро има потреба од: 
BACK-END DEVELOPERS
FRONT-END DEVELOPER

АЛОКЕЈТ СОФТВЕР  е водечки меѓународен снабдувач на решенија за работна сила во здравствените сектори, одбраната и поморските сектори. Со над 800 клиенти и еден милион вработени дневно, оваа компанија им служи на најголемите јавни и приватни институции ширум светот преку поддршка на оперативните и административните потреби на професионалците низ сите здравствени установи. Алокејт софтвер е во потрага по:
TECHNICAL DOCUMENTATION LEAD

ProtonMail е компанија чиј тим е посветен на развој и широко дистрибуирање на алатките потребни за заштита на личните податоци на Интернет.  ProtonMail со отворени повеќе работни позиции:
TECHNICAL SUPPORT
WORDPRESS & STATIC WEBSITE DEVELOPER
LOCALIZATION COORDINATOR
APP STORE OPTIMIZATION SPECIALIST

MECOMS е интернационална компанија која се наоѓа во Белгија (Антверпен), Велика Британија (Манчестер), Северна Македонија (Скопје) и Сингапур. Со повеќе од 10 години работење во нашата дрѓава МЕКОМС  ги проширува своите активности во канцеларијата во Скопје. Во моментов има потреба од следниве работни позиции:
JUNIOR D365 CE CONSULTANT
JUNIOR DEVELOPMENT CONSULTANT D365

Промовирани огласи »

Медицинските работници од Министерството за одбрана кои се вклучени во лекувањето на болните од новата болест ќе добијат парична награда која, во зависност од специјалноста, се движи од 20.000 до 30.000 денари.

-Владата го прифати предлогот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за исплата на еднократна парична награда на медицинските работници од Министерството за одбрана кои што се вклучени во лекувањето на болните. Износот на паричната награда за нивната пожртвуваност, во зависност од специјалноста, се движи од 20.000 до 30.000 денари, информираат од Министерството за одбрана.

Оттаму додаваат дека во изминатите месеци голем дел од медицинскиот персонал од Воено медицинскиот центар активно се вклучил во бор бата со новата болест во Центарот за јавно здравје и во ГОБ 8-ми Септември, а во последниот месец дал поддршка на колегите од јавното здравство во Инфективната клиника, Клиниката за пулмофтизиологија и на пренаменетите Клиники за интерни болести.

MИА

Промовирани огласи »

„Фајзер“ и „Модерна“ гo објавија составот на вакцините против коронавирус

„Фајзер“ и „Модерна“ детално ги објавија состојките на нивните вакцини.

Теоретичарите на заговор и антиваксерите ширеа дезинформации за вакцините против коронавирус во последните неколку месеци, а една од најголемите неточни изјави ја даде Бил Гејтс, кој рече дека вакцината содржи имплант за следење на луѓето преку микрочипови. Сепак, ова не е точно, пишува „Бизнис инсајдер“.

„Фајзер“ и „Модерна“ детално ги објавија состојките на нивните вакцини.

Активната состојка кај обете вакцини се модифицирани исечоци од вирусен генетски материјал, попознат како mRNA.

„Бизнис инсајдер“ додава дека mRNA му служи на телото како генетска вреќа за удирање за да научи да се бори против протеините кои му помагаат на коронавирусот да ги нападне нашите клетки.

Истовремено, мешавина од шеќер, маснотии и сол служи за ублажување на влијанието на вакцината врз телото.

Вакцината на „Фајзер“ се состои од модифицирана низа на информациската РНК, потоа липидни соединенија, а има и калиум хлорид, монокалиум фосфат, натриум хлорид (кујнска сол), динатриум фосфат и сахароза, пренесува „Бизнис инсајдер“.

„Модерна“ исто така има модифицирана низа на информациската РНА, а состојките се липиди, трометамин-тимонометан, трометамин-хидрохлорид, ацетатна (оцетна) киселина, натриум ацетат и сахароза (шеќер).

Промовирани огласи »

Вработени во МВР денеска добија бонус-плата од 23.000 денари

Вработените во МВР добија бонус плата

Денеска на 1624 вработени во МВР на сметките им легна бонус-плата од 22.928 денари.  Од министерството соопштуваат дека средствата се обезбедени од сопствени заштеди и домаќинско работење.

Станува збор за онус-плата која ја оствариле во 2017, но досега не им била исплатена.

Од МВР велат дека обезбедена ќе биде и бонус плата за вработени во министерството за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2020.

Ваква нонус-плата ќе има и за оние на кои не им била исплатена за 2018 година.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »