Промовирани огласи »

Медицинските работници од Министерството за одбрана кои се вклучени во лекувањето на болните од новата болест ќе добијат парична награда која, во зависност од специјалноста, се движи од 20.000 до 30.000 денари.

-Владата го прифати предлогот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за исплата на еднократна парична награда на медицинските работници од Министерството за одбрана кои што се вклучени во лекувањето на болните. Износот на паричната награда за нивната пожртвуваност, во зависност од специјалноста, се движи од 20.000 до 30.000 денари, информираат од Министерството за одбрана.

Оттаму додаваат дека во изминатите месеци голем дел од медицинскиот персонал од Воено медицинскиот центар активно се вклучил во бор бата со новата болест во Центарот за јавно здравје и во ГОБ 8-ми Септември, а во последниот месец дал поддршка на колегите од јавното здравство во Инфективната клиника, Клиниката за пулмофтизиологија и на пренаменетите Клиники за интерни болести.

MИА

Промовирани огласи »

„Фајзер“ и „Модерна“ гo објавија составот на вакцините против коронавирус

„Фајзер“ и „Модерна“ детално ги објавија состојките на нивните вакцини.

Теоретичарите на заговор и антиваксерите ширеа дезинформации за вакцините против коронавирус во последните неколку месеци, а една од најголемите неточни изјави ја даде Бил Гејтс, кој рече дека вакцината содржи имплант за следење на луѓето преку микрочипови. Сепак, ова не е точно, пишува „Бизнис инсајдер“.

„Фајзер“ и „Модерна“ детално ги објавија состојките на нивните вакцини.

Активната состојка кај обете вакцини се модифицирани исечоци од вирусен генетски материјал, попознат како mRNA.

„Бизнис инсајдер“ додава дека mRNA му служи на телото како генетска вреќа за удирање за да научи да се бори против протеините кои му помагаат на коронавирусот да ги нападне нашите клетки.

Истовремено, мешавина од шеќер, маснотии и сол служи за ублажување на влијанието на вакцината врз телото.

Вакцината на „Фајзер“ се состои од модифицирана низа на информациската РНК, потоа липидни соединенија, а има и калиум хлорид, монокалиум фосфат, натриум хлорид (кујнска сол), динатриум фосфат и сахароза, пренесува „Бизнис инсајдер“.

„Модерна“ исто така има модифицирана низа на информациската РНА, а состојките се липиди, трометамин-тимонометан, трометамин-хидрохлорид, ацетатна (оцетна) киселина, натриум ацетат и сахароза (шеќер).

Промовирани огласи »

Вработени во МВР денеска добија бонус-плата од 23.000 денари

Вработените во МВР добија бонус плата

Денеска на 1624 вработени во МВР на сметките им легна бонус-плата од 22.928 денари.  Од министерството соопштуваат дека средствата се обезбедени од сопствени заштеди и домаќинско работење.

Станува збор за онус-плата која ја оствариле во 2017, но досега не им била исплатена.

Од МВР велат дека обезбедена ќе биде и бонус плата за вработени во министерството за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2020.

Ваква нонус-плата ќе има и за оние на кои не им била исплатена за 2018 година.

Промовирани огласи »

Со 800 евра до бугарски пасош

Македонците купуваат бугарски пасоши за 800 евра

Осумстотини евра – тоа е цената којашто македонските државјани ја плаќаат за да добијат бугарски документи. Цената, пак, којашто ја плаќа државата е – ненадоместлива, анализира „Дојче Веле“.

Додека односите помеѓу Македонија и Бугарија се заоструваат, посебно откако Софија стави вето на интеграцијата на земјава во Европската унија и го оспорува правото на самоопределување и постоењето на македонскиот јазик, бизнисот со бугарските пасоши е во полн ек. Агенции и поединци на македонските државјани преку огласи им нудат вадење на бугарски пасош во кој потпишуваат дека имаат „бугарски корени“.

Постапката за добивање на бугарски пасош се одвива во неколку фази, а првата фаза опфаќа поднесување на извод на родени, извод на родители, извод или посмртница на дедо или прадедо, којшто треба да е роден од 1900 до 1918 година.

Кои се следните фази прочитајте на „Дојче Веле“

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »