Македонија е една од земјите во Европа чии главни семејни трошоци се оние за храна Од рангирање со 40 земји, таа е на 37-то место. Ова го покажува експертското истражување на РИА Новости во однос на учеството на трошоците за храна, рекреација и лоши навики.

Од семејниот буџет Македонија троши друи 37 отсто за храна, а Бугарија е една позиција погоре со 36,2 проценти за овој издаток. За споредба, Грците го имаат 22 место со одвојување за храна од семеен буџет за 20%, Романците се33-ти со 32,5%, по нив Србите за 34,2%,.
Луксембург е на првото место и жителите на оваа земја трошат само 8,4 отсто за набавки на храна. По нив следуваат Холандија и Велика Британија со 10,6% од трошоците. Исто така, помалку од 12% од овие трошоци имаат жителите на Ирска, Германија, Финска, Австрија и Норвешка.
Општо, велат експертите, горниот дел од рејтингот се состои од економски развиени западноевропски земји. Најзначајно е учеството на трошоците за храна меѓу жителите на земјите од поранешниот СССР и Источна Европа. Во Казахстан жителите трошат најголем дел од семејниот буџет за храна од сите земји и се застапени во рангирањето со 49,4 отсто. Повеќе од 40 отсто за храна трошат жителите на Украина и Молдавија.
Експертите исто така ги анализираа индикаторите за учеството на семејните буџети за рекреација и култура. Лидерите овде се економски просперитетни западноевропски земји - Шведска (18,7%), Велика Британија (13,1%) и Австрија (11,5%).
Жителите на Казахстан имаат најниско учество во овој индикатор од 1,7%. Исто така помалку од 3% од приходите се трошат на рекреација и култура во Северна Македонија (1,8%), Украина (2%) и Молдавија (2,8%).